Папата повика за мир во Украина

На Генералната аудиенција во среда 19 февруари папата Фрањо упати запел за мир во Украина, во чиј главен град Киев избувнаа жестоки пресметки помеѓу полицијата и демонстрантите. Во немирите животите ги изгубија повеќе од дваесет  лица, а повеќе од двесте се повредени.

Во голема загриженост следам што се случува во Украина. Ја гарантирам својата близина со украинскиот народ и молам за жртвите од насилството, за нивните членови на семејствата и за ранетите. Ги повикувам сите страни да го прекинат насилството и да бараат слога и мир во таа земја, рече Папата во апелот.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот