Папата: На Црквата во Франција и требаат свештеници сообличени со Христа

Папата: На Црквата во Франција и требаат свештеници сообличени со Христа

Во пораката упатена до француските семинаристи, папата Фрањо им се заблагодари што одговорија на нивниот свештенички повик, охрабрувајќи ги во целибатот, сиромаштвото, личниот однос со Христос и близината со луѓето.

Во петокот, 1 декември 2023 година, папата Фрањо испрати порака потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин до повеќе од 700 семинаристи од цела Франција. Во него Папата се осврна на прашањето за целибатот, личниот однос со Христос и животот на свештениците во современиот свет.

Им се заблагодари на семинаристите што храбро одговориле на Божјиот повик. Изрази радост затоа што многу млади луѓе сè уште, со дарежлива и храбра вера, и покрај тешките времиња на секуларизација, одлучуваат да го следат Господ и да им служат на своите браќа и сестри.

На Црквата во Франција, истакна Светиот Отец, ѝ требаат свештеници сообличени со Христа, за да можат да го донесат Христа кај Божјиот народ и да го поучуваат со авторитет, да го водат со сигурност и делотворно да му ја пренесат благодатта преку славењето на Светите Тајни.

Целибатот е во центарот на свештеничкиот идентитет

Папата Фрањо ги охрабри семинаристите сериозно да го сфатат целибатот како основен аспект на нивниот свештенички идентитет. Свештеникот е во целибат – и сака да биде – едноставно затоа што и Исус го живеел, рече тој, додавајќи дека потребата за целибат не е првенствено, теолошка, туку мистична.

Напомена дека во современиот свет свештеничката служба често се релативизира или искривува, но ги охрабри да не се плашат бидејќи никој нема моќ да ја промени природата на свештенството и никој никогаш нема да го промени.

Свештенството нема да се промени, дури и ако методите на вршење на службата мора нужно да го земат предвид развојот на современото општество и сериознатаситуација со звањата низ кои поминуваме, рече Папата.

Близина со Христос и Божјиот народ

Во Франција е институционална Црквата, а со тоа и ликот на свештеникот, во очите на повеќето луѓе го загуби својот углед и авторитет, па дури и беше оцрнет, истакна Светиот Отец. Затоа, смета тој, за да се продолжи со новата евангелизација, важно е секој лично да се сретне со Христа.

Свештениците ќе ги допрат срцата на своите верници, ќе ја придобијат нивната доверба и ќе ги водат да се сретнат со Христос кога ќе прифатат пасторален стил на близина, сочувство, понизност, бесплатност, трпеливост, благост, радикално самодарување на другите, едноставност и сиромаштво, рече Папата. Тој додаде дека свештеникот мора да го познава мирисот на своите овци и да оди со нив, во нивниот ритам.

Се разбира, тоа не е ново, рече Папата, многу свештеници го прифатија овој стил и порано, но денес тоа е неопходен услов за да не се изгуби кредибилитетот и слушањето.

Љубовта кон Исус е доволна

На крајот, папата Фрањо ги охрабри француските семинаристи да негуваат личен, силен, жив и автентичен однос со Исус, за да се соочат со предизвиците и искушенијата на патот и да ги живеат тешките задачи на свештеничкото совршенство.

Сакајте го Исуса повеќе од сѐ, ги охрабри Папата и додаде: Неговата љубов нека ви биде доволна и ќе излезете победници од сите кризи, од сите тешкотии.

Ако Исус е доволен, објасни Папата, на свештениците нема да им требаат големи утехи во службата, големи пасторални успеси, кариери и слава во очите на светот.

Ако Исус ми е доволен, не ми требаат големи материјални добра, ниту уживање во заводливоста на светот, ниту сигурност за иднината. Напротив, ако подлегнам на едно од овие искушенија или слабости, тоа е затоа што Исус не ми е доволен, заклучи Светиот Отец и на семинаристите им го даде примерот на света Тереза од Детето Исус како учителка во духовниот живот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот