Во пораката до учесниците на Вториот меѓународен конгрес насловен „Братствата и народната побожност“, кој започна на 4 декември 2024 година во Севилја, а која беше прочитан од неговиот специјален пратеник, надбискупот Пења Пара, папата Фрањо ја нагласува евангелизацискиот придонес на братствата, убавината на нивното сведоштво за животот и вредноста на скриеното милосрдие. Во говорот на почетокот на конгресот, заменикот за општи работи на Државниот секретаријат рече: „На Црквата и се потребни братства за да се пренесе евангелската порака до сите“.
„Да го носиме Христос во процесија, да го носиме крстот што ни го предлага Господ секој ден или да носиме на рамениците брат што ќе го сретнеме на пат, како што би направил Добриот Пастир, е истата љубов и истото скриено милосрдие кое го наоѓаме во дарохранителницата во катедралата и во нашите парохии“. Со овие зборови папата Фрањо им се обрати на учесниците во Вториот меѓународен конгрес „Братства и народата побожност“, кој се одржува во Севиља. Пораката ја прочита специјалниот пратеник на Папата, надбискупот Едгар Пења Пара, заменик за општи работи во Државниот секретаријат на Светиот Престол.
Папата во пораката на шпански јазик зборува за текстот на свети Мануел Гонзалес Гарсија, бискуп на „напуштената Дарохранителница“ и основач на сестрите на Марија од Назарет, кој беше предложен од учесниците на Конгресот за медитација. Светецот од Севиља, кој живеел меѓу 19 и 20 век, истакнува папата Фрањо, го споредува нашиот живот со ходочестие, „кружно патување кое оние кои тргнале започнуваат во Христа и доаѓаат кај луѓето, а оние кои почнуваат од луѓето се враќаат на Христос“. Станува збор за текст, појасни тој, „кој не зборува за побожни, јавни литургии или контемплативна молитва, туку за социјалните активности на Црквата, се залага за преобразба на светот и за потребата да се приближи Божјата нежност на оние кои страдаат со телото и душата“.
Папата Фрањо пишува дека во програмата на Конгресот се појавуваат три предизвици, кои ги обединува во молитва до Троичниот Бог, молејќи „од Бога Отецот за евангелизациска делотворност на нашите напори, од Синот за убавината на нашето сведоштво за животот и од Светиот Дух за срце полно со сокриено милосрдие кое ни овозможува да допреме до луѓето, дури и на тивок начин“.
По читањето на пораката на папата Фрањо, надбискупот Пења Пара одржа воведен говор, во кој ја продлабочи темата на Конгресот „Патување со надеж“. Надбискупот истакна дека, среде современите промени и предизвици, „Црквата има посебна потреба од братства и народната побожност, за да ја пренесе пораката на Евангелието на љубовта на сите, по стари и нови патишта. Затоа братствата, вкоренети на цврстиот темел на верата во Христа, со мноштво дарови и виталност што ги разликува, мора да продолжат да ја шират пораката за спасение во општеството и да бидат присутни во многу области на новата евангелизација.“
Нагласувајќи дека братствата имаат послание да бидат сведоци на Евангелието во општеството, специјалниот пратеник на Папата потсети дека, на пример, во Латинска Америка „братствата одиграа клучна улога во евангелизацијата и зачувувањето на културниот идентитет на локалните заедници“. Тој, исто така, го спомна документот од Апарецида, кој ја дефинира народната побожност како „легитимен начин на живеење во верата, начин на чувство на дел од Црквата и форма на мисионерска работа и, според тоа, претставува силна исповед на живиот Бог кој делува во историјата и е канал за пренесување на верата“.
Цитирајќи го папата Фрањо кој нагласува дека „сите христијани се повикани на светост во нивните секојдневни активности“, надбискупот потсети дека братствата имаат задача да бидат сведоци на оваа светост во општеството. „Со оглед на тоа што братството е противотров на современиот индивидуализам, братствата, како заедници на верата, мора да промовираат братска љубов, взаемна помош и поддршка во време на тешкотии“, заклучи надбискупот Пења Пара.
Ватикан њуз/к.мк