Сочувство и близина на Папата за жртвите од поплавите во Германија

Сочувство и близина на Папата за жртвите од поплавите во Германија

На 15 јули навечер папата Фрањо упати телерама со сочувство до германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер заради жртвите и последиците од невремето и поплавите во Германија.

Папата се моли за загинатите, а на нивните семејства им изразува длабоко сочувство. Во телеграмата со сочувство исто така истанува дека посебно се моли за сите исчезнати, ранетите и сите кои го загубиле кровот над главата и претрпеа големи загуби.

На сите нив како и на сите кои учествуваат во акциите за спасување Папата им ја изразува својата духовна близина и се моли за Божја заштита и помош, се истакнува во телеграмата со сочувство која ја потпиша Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот