Папата: На Црквата не им требаат валкани пари

Во случај на некои добродетели на Црквата кои доаѓаат со прилог за Црквата, кој е плод на крв од бројни експлоатирани луѓе, злоупотребувани, поробени со слабо платена работа, на таквите им порачувам: „Те молам, врати го чекот од каде шо го доднесе, запали го“.

На Божјиот народ, на Црквата не им требаат валкани пари, им треба отворени срца за Божјото милосрдие, рече папата Фрањо во својата катехеза на Генералната аудиенција во среда 2 март, на тема: „Божјото милосрдие и поправање“.

Папата го коментираше првото поглавие од книгата на пророкот Исаија, каде Бог се претставува како татко полн со љубов кон неговите деца, кои му свртеле грб и се препуштиле на злото. Поради гревовите – забележа Папата – слободата станува потрага по автономија, барање годеливост, а горделивоста доведува до спротивставување и илузиија на самодоволност. Но Бог никогаш не се откажува од нас, ние сме негов народ, најлоши мажи, најлоши жени, најлош народ се неговите деца. И тоа е Бог: Никогаш, ама баш никогаш не се откажува од нас!

Последицата од гревот е состојба на страдање од чиј последици трпи и земјата, разорена и опустошена. Таму каде што владее отфрлање на Бог, на неговото татковство, животот повеќе не е возможен, постоењето ги губи своите корени, сѐ е изопачено и потиснато. Сепак и тој болен момент служи за спасение. Тоа искушение го искуси народот како би ја почувствувала горчината на оние кои го напуштаат Бог и се соочуваат со очајничка празнина и определба за смрт. Страдањето, неизбежна последица од автодеструктивната одлука, мора да го поттикне грешникот на размислување како би се отворил за преобраќање и опростување – рече Папата.

Човекот – рече во продолжение папата Фрањо – не го спасуваат жртвите, туку Божјото милосрдие кое ги простува гревовите. Кога е некој болен оди на лекар, кога некој пак се чувствува грешник оди кај Господ. Но ако наместо кај лекар оди на гатач, сигуно дека нема да оздрави. Колку ли пати не одиме кај Господ, туку одиме по погрешни патишта, барањјќи без него оправдување, правда, мир – рече Папата, а потоа истакна:

Мислам дека во случај со некои доброчинители на Црквата кои доаѓаат со прилог – „Земете го овоој прилог за Црквата“ – дека тоа е плод на крв од бројни експлоатирани луѓе, злоупотребувани, поробени со слабо платена работа, на таквите им порачува,: „Те молам, врати го чекот од каде шо го доднесе, запали го“.На Божјиот народ, на Црквата не им требаат валкани пари, им треба отворени срца за Божјото милосрдие.

РВ/к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот