Папата на припадниците на Ватиканската жандармерија им се заблагодари за посветеноста и пожртвуваноста
По повод 200 годишнина од Ватиканската жандармерија Светиот Отец во базиликата Свети Петар на 18 септември 2016 година служеше света Литургија со припадниците на Ватиканската служба за безбедност.
Пред да им се заблагодари на своите чувари за посветеноста со која својот живот го ставаат во служба на безбедноста и редот, „со љубов, нежнот и ризикувајќи го животот“, Папата ги толкуваше денешните читања.
Денес литургијата пред нас става три типа на луѓе: експлоататор, измамник и верен човек. За експлоататорот говори пророк Амос во првото читање (8, 4-7), се работи за луѓе опседнати со заработка, толку што им сметаат пропишаните денови за одмор затоа што го кршат френетичниот ритам на работење. Негов единствен бог му се парите, а неговите постапки се водени од измама и искористување. Заради тоа трпат сиромашните и бедните омаловажувани во ропство, продавани за цена за два чевела (ред 6). Такви луѓе секогаш имало и денес ги има многу, истакна Папата.
Вториот тип е измамник, неверен човек. За тоа говори Евангелието во параболата за нечесниот настојник (Лк 16, 1-8) Дали тој настојник станал измамник од денес за утре, се прашува Папата и одговара: „Не, туку малку по малку. Денес дал малку повеќе бакшиш на едно место, утре поткупил некого на друго и така малку по малку се доаѓа до расипаност, корупција.“ Господарот го пофалува несправедливиот настојник заради лукавоста, но Папата предупредува – „тоа е световно лукавство, грешно и штетно! Постои и христијанско лукавство, не по духот на светот, туку чесно. На такво лукавство Исус нè повикува кога вели да бидеме лукави како змии и едноставни како голуби.“ Да ги споиш во себе интелигентното лукавство и невиноста на голубот – тоа е милост на Светиот Дух, милост која треба да ја испросиме“, истакнува Папата.
Третиот тип на човек е опишан во Првото Послание до Тимотеј е верен човек. Тој го следи Исус кој се даде самиот Себе за откупување на сите, го даде своето сведоштво по волјата на Отецот (ред 5-6). Верниот човек е човек на молитва во двојна смисла: моли за другите и се потпира на молитвите на другите за него за да може да „живее мирен и спокоен живот, достоинствен и посветен на Бог“ (ред 2) Верниот човек може да оди со високо дигната глава. И Евангелието ни говори за верниот човек: оној кој знае да биде верен во малите работи како и во големите (Лк 16, 10).
Божјото Слово од нас бара радикален избор: „Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. (Лк 16, 13). Измамник предупредува Папата сака измами, а мрази чесност. Богатството му е идол, а тој верува дека е чесен. Не му се важни сиромасите затоа денес поробувањето стана стил на работење, предупредува Папата.
Својата проповед Папата ја заврши директно говорејќи на припадниците на Ватиканската служба за безбедност: „Драги браќа (…) вашата задача е да нема експлоатација и измами. Вашата задача е да браните и промовирате чесност (…)“ Папата рече дека му се познати потешкотиите во нивната работа и ја истакнува својата гордост за исправното постапување на Службата повикувајќи Божји благослов за нив за сè што прават.
РВ /к.мк