Папата на Ламедуса го поклoни Крстот добиен од Кастро
Папата Фрањо на парохиската црква во Лампедуса и го подари крстот кој Раул Кастро нему му го даде, за време на неодамнешното патување во Куба. Висок над 3 метра, крстот е изграден од поврзани дрвени весла, а ги симболизираат бегалците кои поминуваат преку Средоземното Море. На островот Лампедуса пристигнуваат мигранти кои со бродови доаѓаат од Либија во Италија. Тоа е прво место кое папата Фрањо го посети во Италија, после својот избор за Петров наследник.
Одлуката на Светиот Отец за поклонување на крстот ја објави кардинал Франческо Монтенегро, во чија надбискупија се наоѓа Лампедуса. Парохот на овој остров, дон Мимо Замбито, кажа дека поклонувањето на крстот симболизира милосрдие и човечност на Исус Христос, кој го надминува секој конфликт, руши ѕидови и преминува граници.
Крстот ќе биде изложен во парохијата Светиот Крст во Агригента за почеток на Јубелејот на милосрдие на 11 декември, а потоа ќе ходочасти целата надбискупија и на крајот ќе биде поставен во парохиската црква во Лампедуса.
РВ/Б.Р.