Папата на Генералната аудиенција: Црквата е Мајка која нѐ штити од злото

„Мајчинството на Црквата на свој начин е продолжение на мајчинството на Марија. Како што Исус е роден од крилото на Марија, така и ние сме родени од крилото на Црквата“ е центаралната порака на папата Фрањо во катехезата за време на Генералната аудиенција на 3 септември.

Папата ја започна катехезата потсетувајќи нѐ како својата вера – својот христијански идентитет за кој овие денови зборуваше – го примаме во заедницата на Црквата: „Во претходните катехези истакнавме повеќе пати дека христијанин не се станува сам по себе, со сопствени сили, автономно, ниту пак христијанин се станува во лабараторија, туку се раѓа и расте во верата внатре во тоа големо тело – Црквата“ – рече Светиот Отец. „Во таа смисла Црквата навистина е мајка, мајка која ни дава живот во Христос.“

„Во своето мајчинство“, – продолжи Папата – „Црквата за пример ја има Дева Марија, најубавиот и најголемиот пример кој што може да се земе. Тоа го нагласиле веќе првите христијански заедници, а Вториот Ватикански собор прекрасно го изразува дека Марииното мајчинство е сигурно извонредно, единствено и се остварило во полнина на времето кога Дева на светло го донесува Синот Божји, зачнат по Светиот Дух.“ „Меѓутоа, мајчинството на Црквата на свој начин е во континуитет со мајчинството на Марија, како нејзино продолжување низ историјата. Црквата во плодноста на Духот продолжува да раѓа нови деца во Христос, секогаш слушајќи го Божјото Слово и во послушност на Неговиот план на љубовта. Исусовото раѓање од крилото на Марија е слика на повторното раѓање на сите христијани од крилото на Црквата, додека Христос не биде првороден меѓу мноштвото браќа“ истакна папата Фрањо. „Тогаш го сфаќаме длабокиот однос кој ги обединува Марија и Црквата: гледајќи ја Марија го откриваме прекрасното и најнежното лице на Црквата; гледајќи ја Црквата ги препознаваме суптилните црти на лицето на Марија“ – рече Папата.

„Црквата го прими од Исус скапоценото богатство на Евангелието – не за да го задржи за себе – туку великодушно да го дарува на другите“ – истакна Папата. „Во таа служба на евангелизација на посебен начин се покажува мајчинството на Црквата, се зазема како мајка, со дарување духовна храна на своите синови која што христијанскиот живот го одржава и го прави плоден. Затоа сите сме повикани да го примими со отворен ум и срце Божјото Слово кое што Црквата секој ден го дарува, бидејќи тоа Слово е способно да нѐ промени одвнатре, да нѐ преобрати, да ја усогласиме својата човечност – не на световноста на телата – туку на духот“ – истакна Папата.

„Расветлени со светлината на Евангелието и поддржани со милостите од светите Тајни посебно со Евхаристијата можеме да ги насочиме нашите одлуки кон доброто и со храброст и надеж да поминеме низ моментите на темнина и маченичките патеки. Патот на спасението по кој Црквата нѐ води и нѐ следи со силата на Евангелието и нѐ поддржува со светите Тајни ни дава способност да се браниме од злото“ , рече папата Фрањо, додавајќи:

„Црквата има храброст на мајка која знае дека своите деца требада ги брани од опасностите кои произлегуваат од присутноста на сатаната во светот, за да ги носи кон средбата со Исус“, а „таа одбрана стои и во поттикнувањето на будност: будност против лагите и заведувањата на ѓаволот. Затоа што Бог го порази, сатаната секогаш се враќа за да нѐ искушува, „како лав кој рика барајќи кого да изеде.“ Наше е да не бидеме наивни, туку будни и цврсти во верата; на злото се спротивставува по советите на мајката Црква и со незјина помош.“

„Драги пријатели“ – продолжи Папата – „ова е Црквата која ја сакаме: мајка која има срце за доброто на своите деца. Меѓутоа, не смееме да заборовиме дека и ние сме Црква; сите крстени. Колку пати во нашиот живот не сведочиме за ова мајчинство на Црквата, за мајчинската храброст на Црквата! Затоа да се довериме на Марија, бидејќи таа нѐ учи да го имаме истиот мајчински дух кон нашите браќа и сестри со искрена желба за да ги примаме, да им простуваме и да им влеваме вера и надеж“ – поттикна на крајот Светиот Отец.

Папата после поздравот на собраните на различни јазици, посебно ги поздрави младите, болните и нововенчаните. На младите им препорача да наоѓаат време за редовен и интимен молитвен дијалог со Бог; на болните да имаат доверба во; и на нововенчаните им препорача да имаат жив однос со Бог и на тој начин нивната љубов секогаш ќе биде искрена и трајна.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот