Продолжувајќи со серијата катехези за маните и крепостите, папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда на 10 јануари 2024 година, посебно се осврна на еден вид „лакомство“, она кон добрите работи на планетата; тоа е зло што „ја компромитира иднината на сите.“
Не станува збор за тоа дека треба да чувствуваме грижа на совеста ако изедеме парче торта – самиот Исус ја почитувал добрата храна и вино. Меѓу другото, како гостин на свадбата во Кана, каде што го направи своето прво чудо, Исус ни го покажува доброто на храната и пиењето и радоста на заедништвото на трпезата.
Папата во катехезата предупредува дека треба да внимаваме да не го земаме здраво за готово или да не го искривуваме „лебот наш насушен“ што ни го дава Господ. На тој начин можеме да и наштетиме на планетата, но и на нашите срца. Неопходно е, истакнува, да внимаваме на нашата внатрешност и да го земеме предвид пред сѐ нашиот однос кон храната.
Ведриот однос што Исус го воспостави во однос на исхраната треба повторно да се открие и валоризира, особено во таканаречените општества на благосостојба, каде што има очигледно многу нерамнотежи и патологии, истакна Светиот Отец. Меѓу другото, има општества јадат премногу или премалку. Луѓето често јадат сами и се шират нарушувања поврзани со исхраната.
Тоа често се многу болни болести кои главно се поврзани со страдањото на човечката психа и душа. Постои поврзаност помеѓу психолошката нерамнотежа и начинот на земањето храна. Храната е покажување на внатрешното. Предиспозицијата е за рамнотежа или неумереност, за способноста да се заблагодариме или арогантно да бараме автономија, емпатија за оние кои знаат да споделуваат храна со сиромашните или себичност на оние кои сѐ собираат само за себе. Тоа прашање е многу важно. „Кажи ми како јадеш и ќе ти кажам каква душа имаш“. Нашето внатрешно јас, нашите навики и нашите психолошки ставови се откриваат во начинот на кој јадеме.
Ненаситноста води и до убивање на планетата, рече Папата.
Нападнавме сè за да станеме „господари на сè“, иако целиот создаден свет ни е доверен на чување, а не за искористување. Еве, значи, голем грев; алчноста на стомакот. Се откажавме од името „човек“ за да прифатиме друго име „потрошувачи“.
Создадени сме да бидеме „евхаристиски“ мажи и жени, способни да благодариме, дискретни во користењето на земјата, потсети папата Фрањо на крајот од катехезата.
На Генералната аудиенција Светиот Отец го обнови и апелот да се стави крај на сите војни.
Одново ја изразуваме нашата блискост во молитвата со драгиот украински народ, кој е толку искушуван и кој толку многу страда во ужасот на војната, како и Палестина, Израел и сите други во различни делови на светот. Да молиме. Да молиме за тие народи кои се под влијание на војните. И да молиме Господ да го посее семето на мирот во срцата на сите државни авторитети. Ве благословувам сите.
Ватикан њуз/к.мк