Папата Фрањо пред крајот на Литургиското славење за Цветници ја предводеше молитвата Ангел Господов, а пред самата молитва кратко се обрати до присутните верници, поздравувајќи ги притоа на посебен начин младите дојдени од различни краишта на светот.
Присетувајќи се со благодарност на својата неодамнешна посета на Перу, срдечно ја поздравувам перуанската заедница во Италија – рече Светиот Отец.
Папата потсети дека денес на бискупско ниво се слави Светскиот ден на младите, а станува збор за важна етапа на патот кон Епископската синода за младите која ќе се одржи во октомври оваа година. Напомена дека денешната прослава исто така е важен чекор на патот кон Светскиот ден на млади во Панама во 2019 година. На тој пат нè придружува примерот и застапништвотот на Марија, млада жена од Назарет која Бог ја избра како Мајка на својот Син. Таа оди со нас и ги води новите генерации на нивото ходочастие на верата и братството.
Светиот Отец ја замоли Блажена Дева Марија на сите да ни помогне добро да ја живееме Страсната седмица. Таа нè учи на внатрешна тишина, на поглед во срцето, на верата полна со љубов за да го следиме Исус не Неговиот Крстен пат кој нè води кон радосната светлина на воскресението – рече Папата и заврши заблагодарувајќи се на кардиналот Лоренцо Балдисери главниот секретар на Епископската синода, потоа на потсекретарот монс. Фабио Фабене и на целиот секретаријат на Епископската синода и на сите соработници во организацијата на подготвителниот предсинодален состанок на младите кој оваа недела се одржа во Рим.
РВ/к.мк