Папата Лав XIV во четврток, 2 јули 2026 година, во Ватикан го прими претседателот на Република Колумбија, Густаво Петро Урего.
Папата Лав XIV во Ватикан се сретна со претседателот на Република Колумбија, Густаво Петро Урего.
По средбата со Папата, претседателот разговараше со ватиканскиот државен секретар, кардинал Пјетро Паролин, и со монсињор Даниел Пачо, потсекретар за мултилатералниот сектор во Секцијата за односи со државите и меѓународните организации при Државниот секретаријат.
Според соопштението на Прес-службата на Светиот Престол, разговорите во Државниот секретаријат се одвивале во срдечна атмосфера. Во нив било изразено задоволство од добрите односи меѓу Светиот Престол и Колумбија.
Во соопштението се наведува дека разговорите биле обележани со позитивна и континуирана соработка меѓу Црквата и државата во промовирањето на мирот, помирувањето и националното единство.
Покрај тоа, соговорниците се осврнале и на општествено-политичката состојба во Колумбија и во регионот, со посебен акцент на последиците од конфликтите, меѓународниот организиран криминал и климатските промени.
Ватикан њуз/к.мк

