Светата Земја: На христијаните од појасот Газа им е дозволен премин во Ерусалим и Витлеем

На 22 декември, Израел одлучи на христијаните од Појасот Газа да им одобри дозоли за да можат да одат на Божиќ во Ерусалим и Витлеем, на Западниот Брег. Израелските власти дадоа зелено светло по жалбите кои во последните денови ги упатија верските водачи во Светата Земја

„Израел синоќа, по долгите преговори, на христијаните од Појасот Газа им одобри влез на својата територија за божиќните празници, односно од денес до 20 јануари следната година“ – тоа го најави генерал Камил Абу Рукун, шеф на координацијата на активностите на израелската влада на палестинските подрачја. Дозволите за влез во Ерусалим и на Западниот Брег ќе се издаваат врз основа на безбедносните проценки и независно од возраста на подносителот на барањето.

Отец Ибрахим Фалтас од Фрањевската кустодија на Светата Земја во разговор за Радио Ватикан, истакна дека напорно работеле за да се изборат за тие дозволи. Многумина интервенирале, меѓу останатите, дури и израелскиот претседател Реувен Ривлин – рече отец Фалтас и рече дека во Појасот Газа состојбата е тешка. Истакна исто така дека смета дека луѓето се радосни што им е дозволено да ја напуштат Газа за божиќните празници.

Не можете да ја замислите ситуацијата во Газа. Тие луѓе барем можат да излезат, да имаат малку слобода, надеж, можат да ја посетат Витлеемската пештера, да се молат, да бидат со нас. Тоа е голем празник и сите сакаат да го слават Божиќ во Витлеем. Му благодарам на Господ затоа што најпосле успеавме да ги извлечеме! Тоа е најважно – рече фрањевецот и на прашањето поврзано со зборовите на латинскиот ерусалимски патријарх надбискупот Пјербатиста Пицабала кој неодамна се пожали на срамната состојба во Појасот Газа од економски и општетсвен аспект, одговори дека патријархот добро ја објаснил ситуацијата затоа што таму поминал три дена, ги обиколувал куќите, се сретнал со семејствата и со сопствени очи ја видел состојбата во која луѓето живеат, посебно христијаните.

Навистина тоа е срамна ситуација. Мислам дека светот мора да направи нешто за состојбата да се помрдне од мртва точка; луѓето заслужуваат многу повеќе од тоа – истакна отец Фалтас и, одговарајќи на прашањето кои му се желбите за Божиќ, рече дека секогаш тоа му е мирот. Тоа е нашата желба, нашиот сон; тоа е исто така сонот на луѓето во Газа, на Палестинците и на Израелците. Насекаде, сите сакаат тој мир да се оствари. Тоа е она што го сакаме, тоа е нашата молитва. Многумина сакаат да живеат во мир во оваа земја која живее од мирот – рече на крајот отец Ибрахим Фалтас.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот