Папата до италијанска телевизија: Слободното и достоинствено информирање е средство за мир
По повод 25-годишнината од основањето на Tgcom24, италијанска телевизиска мрежа во рамки на компанијата „Медиjасет“, папата Лав XIV упати кратка порака до директорот и уредничкиот тим, во која ги сумира темелните начела на вистинското информирање.
Дијалог и почит
Осврнувајќи се на денешното време, обележано со „значајни промени“ и со „зборови што премногу често се извикуваат на интернет“, Папата ја истакна „важната мисија“ на медиумите: да „градат мостови на дијалог“ и да поттикнуваат подлабоко разбирање.
Тоа, објасни тој, подразбира раскажување што не останува на површноста на веста, туку знае „со почит, солидарност и сочувство“ да погледне на страдањето.
Вистина и одговорност
Во средиштето на пораката е повикот за вистина и за „длабоко чувство на етичка одговорност“, со цел да се спротивставиме на „ширењето лажни вести“ и да се промовира „култура на средба“ која може да ги „обедини различните делови“ на општеството.
За мир без оружје и со истрајност
Папата упати и силен поттик за „слободно и достоинствено информирање што го почитува човечкото достоинство“, затоа што таквото информирање станува „моќно средство“ на патот „кон мир без оружје и мир што опстојува“.
Ватикан њуз/к.мк

