Папата го именува отец Румен Станев за помошен епископ на Софиско-Пловдивската бискупија

Папата го именува отец Румен Станев за помошен епископ на Софиско-Пловдивската бискупија

Папата Фрањо на 5 септември 2020 година го именува отец Румен Иванов Станев, поранешен парохиски свештеник во црквата „Свети Михаил Архангел“ во Раковски, за помошен епископ на Софиско-Пловдивската бискупија, со титуларно седиште на Симидика.

Монсињор Румен Станев е роден на 19 август 1973 година во Калојаново, Пловдивско. Теологија студира во Рим, каде дипломира на Папскиот универзитет Урбанијана. За свештеник е ракоположен 11 септември 1999 година во катедралата во Пловдив и бил именуван за парохиски викар во црквата „Пресвето Срце Исусово“ во Раковски. На 5 септември 2005 година бил назначен за парохиски свештеник на црквата „Свети Михаил Архангел “ во Раковски. Тој е претседател на Епархискиот Каритас, член на свештеничкиот совет на бискупијата и консултор.

Според информациите од Католичката црква во Бугарија, новиот бискуп ќе се грижи за католиците од латински обред во Софија. Затоа, монсињор Станев ќе живее во Софија. Заедно со монсињор Христо Пројков, епарх на епархијата Свети Иван XXIII во Софија, за католиците од источен обред во Бугарија, заедно ќе ги негуваат односите со Бугарската православна црква и другите религии во земјата. Тој исто така ќе ја претставува Католичката црква и пред граѓански власти.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот