Папата испрати телеграма со сочувство до надбискупот на Бари
Откако слушна за тешката железничка несреќа што се случи на релација Корато – Андрија Светиот Отец упати телеграма со сочувство до надбискупот на Бари – Битонт монс. Франческо Качучиј. Во телеграмата се вели:
Дознавајќи ја веста за тешката железничка несреќа која се случи на релација Корато – Андрија во која многу луѓе го загубија животот, папата Фрањо го изразува своето искрено сочувство по повод немилиот настан кој погоди многу семејства и истите ги уверува во својата молитва за смртно настраданите, додека за ранетите бара од Господ побрзо закрепнување, доверувајќи ги на заштитата на Дева Марија сите погодени од драматичната загуба и поделувајќи им го својот утешителен апостолски благослов – стои на крајот од телеграмата со сочувство која ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин.
РВ/к.мк