Папата за Торино: „Враќање дома“
Канцеларијата за печат на Светиот Престол: Папата Фрањо посетата на Торино ја гледа како „враќање дома“ и е многу задоволен од топлото добро дојде кое ги „надминало неговите очекувања.“
Папата Фрањо на 22 јуни во надбискуписката куќа во Торино имаше приватна средба со триесетина роднини. За нив служеше света Литургија и потоа заедно ручаа. Вчера пак кратко ја посети во црквата Света Тереза каде што неговите дедо и баба – Џовани и Роса Бергољо Васало – се венчале во 1907 година, а во која (црква) неговиот татко една година покасно бил крстен. На олтарот пред кој баба му и дедо му го склопиле бракот, папата Фрањо остави букет цвеќе и ја бакна крстилницата каде што татко му ја примил првата света Тајна.
Како што е соопштено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Папата ги направил тие гестови за да ја истакне вредноста на семејството во пресрет на редовната синода за семејството во октомври за чиј успех молеше во таа прилика. Како што стои во соопштението, посетата на Торино папата Фрањо ја гледа како „враќање дома“ и многу е задоволен од топлото добро дојде кое ги „надминало неговите очекувања.“
РВ/Д.И.