Папата Фрањо: Треба да се сведочи убавината на бракот

Папата Фрањо: Треба да се сведочи убавината на бракот

На средбата на 28 септември 2018 година во базиликата Свети Иван Латерански со учесниците на курсот за брак и семејство, папата Фрањо посака „постојан катехуменат“ и ги поттикна да помогнат на паровите во криза како повторно би ја откриле милоста на таа Света Тајна

За светата Тајна венчание потребна е придружба, покрај постојаниот катехуменат, кој се однесува на подготовката, славењето и почетокот на бракот, кој следува по венчанието – истакна папата Фрањо на средбта со околу 850 учесници на курсот за брак и семејство, кој го организира Рисмката бискупија и Римската рота. По тој повод, меѓу другото, ги поттикна свештениците на заедничко чекорење, пасторалните соработници и христијанските брачни парови.

Свесна одлука

Поаѓајќи токму од курсот и размислувањата за предизивиците и пасторалните планови, кои се однесуваат на семејството, таа „домашна црква и светилиште на животот“,е пресудна и незаменива за општото добро на народот – рече Светиот Отец. Во Апостолскиот поттик ‘Amoris laetitia’, размислував на таа тема, ставајќи го во центар итниот потребен сериозен пат за подготовка на христијанскиот брак, кој нема да се сведи на неколку средби – рече Папата.

Бракот не е само општествен настан, туку вистинска света Тајна која бара соодветна подготовка и свесно славење. Брачната обврска имено бара од свршениците свесна одлука, која се искажува со желба за заедничко градење на нешто што никогаш не смее да се изневери и напушти.

Да не се напуштат младите брачни парови

Веќе повеќе бискупи во светот подготвуваат иницијативи за усогласување на пасторалот со семејства со реалната ситуација, и тоа преку семинари, духовни обнови, кои вклучуваат и брачни парови со големи семејни искуства, како и стручни лица од психоолшките дисциплини – истакна Папата.

Коренот на проблемот кој се појавува после славењето на светата Тајна венчание, треба да се бара, но не само во сокриената незрелост која излегува наеднаш, туку многу повеќе во слабата христијанска вера и недоволна придружба од Црквата, во осаменста во која се оставаат младите брачни парови после венчанието. Само кога ќе се исправат пред секојдневнот заеднички живот, кој ги повикува сопружниците да расат на патот за дарување и жртвување, некои стануваат свесни дека не го сфатиле потполно она во што се впуштиле.

Подготовка и придружба после венчанието

Колку повеќе подготовката ќе биде подлабока и долга, толку повеќе младите парови ќе научат да одговорат на Божјата милост и сила, а ќе развијат и „антитела“ за соочување со неизбежните тешки моменти и напори во брачниот и семејниот живот. Меѓутоа и тоа не е доволно – истакна Светиот Отец.

Најголем успех во пасторалната грижа се оставрува таму каде што придружбата не престанува со венчанието, туку сопружниците ќе бидат придружувани барем во првите години од брачниот живот. Преку разговор само со брачниот пар, и преку заеднички моменти, на младите сопружници им се помага да стекнат средства и помош за да го живеат својот повик. Тоа не може да се постигне без раст во верата на самиот пар – забележа папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот