Папата за семинариите: Направете ја Божјата близина осетлива

Папата за семинариите: Направете ја Божјата близина осетлива

На 8 март 2018 година, папата Фрањо ги прими во аудиенција учесниците на конференцијата за ректори на свештенички семинарии од германското говорно подрачје, која овие денови се одржува во Рим.

Темата на конференцијата е спроведување на документот „Ratio fundamentalis institutionis sacerdotalis“ за воспитување и обука на идните свештеници, кој Конгрегацијата за клер го објави на крајот на 2016 година.

Како луѓе и свештеници да се довериме на богатството на своето искуство – рече Папата и продолжи: Но истовремено мораме да препознаеме дека денес се раѓаат нови и различни културни облици кои не спаѓаат во нашите вообичаени модели. Мораме да отфрлиме некои навики на кои сме наврзани и да се впуштиме во непознато. Но притоа нашиот поглед секогаш треба да биде свртен кон Исус кој е мачен, умре и воскресна. Во неговите рани, како и во раните на светот можеме да ги препознаеме знаците на воскресението. Таа сигурност ни овозможува секогаш одново да тргнеме на пат како сведоци на надежта – рече Светиот Отец.

Не можеме да создаваме звања – ги предупреди присутните. Меѓутоа можеме да бидеме сведоци на повикот кој милосрдниот Бог ни го упатил. Тој нè повикува да излеземе од своето „јас“ и да се свртиме кон „ти“. Тој „ти“ е конкретна личност во потреба, на која ѝ е потребна близината на луѓето и на Бог. На тоа сакам да ги сензибилизираме исто така момчињата кои се подготвуваат за свештеничкото звање. Истовремено сите ние секогаш сме повикани во голема заедница, заедница на оние кои му припаѓаат на Господ. Таа заедница нè поддржува за да можеме да одговориме на Божјиот повик со целото свое срце – рече Светиот Отец, препорачувајќи ги на крајот присутните како и свештеничките канидати од германското говорно подрачје на Блажена Дева Марија Мајка на Црквата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот