Папата Фрањо: Вториот дел од енцикликата Laudato si’ ќе биде објавена на 4 октомври

Папата Фрањо: Вториот дел од енцикликата Laudato si’ ќе биде објавена на 4 октомври

На крајот од Генералната аудиенција во среда, 30 август, Папата потсети на Светскиот ден на молитва за грижа за созданието, кое се слави на 1 септември. „Неопходно е да се застане покрај жртвите на еколошката и климатската неправда, обидувајќи се да стави крај на бесмислената војна против нашиот заеднички дом, која е ужасна светска војна“.

На крајот од Генералната аудиенција во среда, 30 август 2023 година, папата Фрањо од салата Павле VI. во Ватикан упати апел, потсетувајќи на Светскиот ден на молитва за грижа за созданието, кој годинава се одбележува на 1 септември, на тема: „Нека тече правдата и мирот“. Тој потсети дека на тој ден почнува „Времето на созданието“ кое ќе трае до 4 октомври, празникот на Свети Фрањо Асишки. А, како што најави на 21 август при приемот на делегација правници од земјите членки на Советот на Европа, истакна дека наскоро, точно на 4 октомври, ќе биде објавен вториот дел од енцикликата Лаудато си.

Да се застане покрај жртвите на еколошката неправда

На тој датум имам намера да објавам еден поттик, втро дел од Laudato si’. Да се обединиме со нашите браќа и сестри христијани во грижата за зачувување на создадениот свет како свет дар на Создателот.

Потоа Папата потоа накратко го сумираше срцето на пораката испратена по повод Светскиот ден на молитвата за грижа за созданието, веќе објавена во мај:

Неопходно е да се застане покрај жртвите на еколошката и климатската неправда, обидувајќи се да стави крај на бесмислената војна против нашиот заеднички дом, која е ужасна светска војна. Ве охрабрувам сите да работите и да се молите повторно да изобилува животот.

Преобразба на јавните политики

Во пораката Папата предлага преобраза на нашите срца, нашиот начин на живот и јавните политики кои управуваат со нашите општества. Тој повторно напоменува за еколошката преобразба и потребата да се смета сето создадено повеќе не како предмет што треба да се експлоатира, туку како реалност што треба да се зачува како свет дар од Создателот. Освен тоа, Римскиот бискуп инсистира на потребата да се преобразат јавните политики кои управуваат со нашите општества и ги обликуваат животите на денешната и идната младина. Тој ја нагласува важноста на синодалноста и се надева дека во ова време на созданието, како Христови следбеници на нашето заедничко синодално патување, ќе живееме, ќе работиме и ќе се молиме нашиот заеднички дом повторно да изобилува со живот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот