Папата Фрањо: конкретноста е критериумот за христијанството

Папата Фрањо: конкретноста е критериумот за христијанството

Бог стана конкретен, го раѓа конкретна жена, живеел конкретен живот, умира од конкретна смрт и бара од нас да ги љубиме конкретните браќа

Божјите заповеди се конкретни, затоа конкретноста е „критериум“ за христијанството, а не убавите зборови – рече папата Фрањо во проповедта во домот Света Марта, во понеделник 7 јануари 2019 година. Молејќи ги светците кои се, како што рече Папата „лудаци на конкретноста“ тие ни помагаат да одиме на тој пат и да ги разликуваме конкретните работи кои Господ ги сака со обѕир на фантазиите и лажните илузии на пророците. Папата се концентрира на првото читање од Литургијата од Првото послание на светиот апостол Иван, каде се вели: „Што и да запросиме, добиваме од Него, бидејќи ги пазиме Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него.“

Значи пристапот до Бог е отворен и е клуч токму за она што советува апостолот: да веруваме во името на Неговиот Син Исуса Христа и да се сакаме еден со друг – рече Светиот Отец и напомена: Само така можеме да го бараме она што го сакаме; храбро и одлучно. Да веруваме дека Бог е Синот Божји, дојде во тело, стана човек, еден од нас, тоа е верата во Исус Христос, конкретен Бог кој беше зачнат во утробата на Марија, се роди во Витлеем, растеше како дете, се изгуби во храмот, се врати во Назарет, со Јосиф учи да чита, да работи, да напредува и потоа да проповеда.

Тој е конкретен човек, кој е Бог, но и човек – рече Папата и додаде: Тоа не е Бог кој се преправа во човек. Тоа е Човек Бог кој стана човек. Христос има тело и тоа е конкретноста на првата заповед. Втората исто така е конкретна: да се љубат другите. Тоа е конкретната љубов, а не фантазија: да кажуваме на некој дека многу го сакаме, а потоа со јазикот, мрморењето и озборувањето го уништуваме, тоа е недозволиво. Божјите заповеди се конкретни и критериумот на христијанството е конкретноста, не идејата или убавите зборови. Конкретноста е предизвик.

Апостол Иван, воодушевен од Бог, поттикнува да ги преиспитуваме духовите, односно кога ќе ни дојде идејата за Исус, на луѓето нешто да им направиме, за тоа дека откупението оди по одреден план, мораме да го преиспитаме тоа вдахнување – рече Папата и продолжи: Животот на христијаните во суштина е конкретност во верата во Исус Христос и во љубовта, но исто така е и духовна будност и борба, затоа што секогаш ни доаѓаат идеи од лажни пророци кои ни предлагаат „мек“ Христос без многу месо и просечна љубов кон ближниот.

Мораме да веруваме во Христос кој дојде во тело, да веруваме во конкретна љубов и да разликуваме во согласност со големата вистина на овоплотението на Словото и конкретната љубов како би ги разбрале духовите, односно вдахновенијата, дали навистина доаѓаат од Бог, затоа што се појавија многу лажни пророци во светот – рече Папата и додаде: Ѓаволот постојано се обидува да нѐ оддалечи од Исус, да не останеме со Исус; затоа е потребна духовна будност. Без разлика на направените гревови, христијанинот на крајот од денот мора да одвои пет минути како би се прашал што се случува во неговото срце, кое вдахновение или која „лудост“ од Господ дојде, затоа што Духот понекогаш нѐ поттикнува на „лудост“ – рече Папата и ги повика сите да не се плашат да ги разликуваат духовите.

За да се разликуваат духовите може да ни помогне Божјиот народ, Црквата, едносуштноста на Црквата, братот и сестрата кои имаат харизма да ни помогнат да ги гледаме работите јасно – рече Папата и истакна: Затоа за христијанинот е важен духовниот разговор со искусни духовни водачи. Не е неопходно да се оди кај Папата или епископите како би согледале дали она што го чувствуваме е добро, затоа што многу луѓе, свештеници, монаси, лаици верници кои ја имаат таа способност можат да ни помогнат за да видиме што се случува во нашата душа, како не би погрешиле.

Исус исто така морал на почетокот да го направи истото, кога бил искушуван од ѓаволот во пустината – рече Папата и предупреди: Фарисеите, садукеите и зелотите, сите го познавале законот, но не се одлучиле за најдобриот пат Повикани сме на кроткост со послушност. Божјиот народ напредува секогаш со конкретноста на љубовта и верата, Црквата и тоа е смислата за строгоста на Црквата. Кога дисциплината на Црквата е во таа конкретност, ни помага да растеме, избегнувајќи ја на тој начин филозофијата на фарисеите и садукеите. За да стане Бог конкретен, го раѓа конкретна жена, живеел конкретен живот, умира од конкретна смрт и бара од нас да ги љубиме конкретните браќа, иако некои од нив не е лесно да се љубат – рече Светиот Отец на крајот од својата проповед.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот