CELAM: Апел за заштита на животот и достоинството на семејството

CELAM: Апел за заштита на животот и достоинството на семејството

Претседателот на Советот на епископските конференции на земјите во Латинска Марика (CELAM) надбискупот Мигуел Кабрејос Видарте упати силен апел за заштита на животот и достоинството на семејството во пораката на празникот на Светото семејство.

Во историскиот момент во кој семејствата мора да се соочат со драматичните последици на пандемијата од болеста Ковид-19, како и со мизеријата на сиромаштвото, надбискупот истакнува дека многу други зла го рануваат достоинството на Божјите синови и ќерки, посебно насилството, искористувањето, трговијата со луѓе и дискриминацијата кои ја доживеле многу семејства вклучувајќи ги мигрантите и нивните членови.

Заради тоа надбискупот во пораката напиша: „На празникот на светото Назаретско семејство, го потврдувам својот избор на заштита на животот и достоинството на латиноамериканските и карипските семејства“, и потсетува дека и семејството од Назарет ја споделило таа состојба на ранливост кога побегнало во Египет за да го сочува својот живот. Од тука произлегува залагањето на Советот на епископските конференции на земјите во Латинска Америка во корист на семејствата и предупредувањето на Црквата на важноста на заедничкото одење со нив во синодалноста, слушање на нивните крици и промовирање на заедно со нив културата на животот, заземајќи се за признавање и почитување на нивните права.

Затоа надбискупот Видарте цитирајќи го делот од Апостолскиот поттик „Amoris Laetitia“ која папата Фрањо ја потпиша во 2015 година истакна дека семејството е вистинско училиште на Евангелието и мала домашна Црква внатре во кои се живеат и пренесуваат вредностите на љубовта и братството, соживотот и делењето, вниманието и грижата за другите. За да бидеме вистинско човечко семејство, приоритет мора да бидат солидарноста, милосрдието и определувањето за оние во потреба, за да се овозможи општо братство и да оди по патеките на правдата и мирот – напоменува на крајот од пораката претседателот на Советот на епископските конференции на земјите во Латинска Америка.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот