Никогаш не би можеле да молиме без силата на Светиот Дух
За да молиме мораме да се понижиме, како Светиот Дух би дошол во нас за да нѐ води во молитвата. Имено, никогаш не би можеле да молиме без силата на Светиот Дух. Тој е оној кој во нас моли и нѐ поттикнува да молиме добро – рече папата Фрањо на 22 мај 2019 година за време на Генералната аудиенција, која се одржа на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Со оваа катехеза Светиот Отец го заврши циклусот катехези за молитвата „Оче наш“. Таа христијанска молитва се раѓа од храброста со која Бог се нарекува Отец. Би требало да имаме храброст на Бог да му кажеме ‘Оче’!
Исус е оној кој ни го објавува Отецот и ни ја дарува присутноста со Него – рече Папата и истакна: Учителот не ни остави формула која механички се повторува. Како и кај секоја усна молитва, Светиот Дух, преку Божјото Слово ги учи децата да го молат нивниот Отец. Во евангелијата наоѓаме многу Исусови молитви до Отецот, кои потсетуваат токму на молитвата ‘Оче наш’ Посебно молитвата во Гетсиманската градина, од Евангелието според Марко, која веќе е спомната на почетокот од овој циклус катехези, кога Исус му вели на Отецот: „Но не како што јас сакам, туку како што Ти сакаш“.
Исус мислел на своето страдање кое се наближува – рече папата Фрањо и праша: Како да не се забележи во таа молитва,, колку и да е кратка, белегот од „Оче наш“. Во темнината, Исус го повикува Бог ‘Ава-Оче’, со синовска доверба и иако чувствува страв и тешкотија, бара да се врши Неговата волја. Во други делови од евангелијата Исус бара од своите ученици да го негуваат духот на молитва. Молитвата мора да биде упорна и пред сѐ мора да поттикне сеќавање на браќата, посебно кога имаме тешки односи со нив.
Исус вели: Кога ќе молите, ако имате нешто против некој, простете за да ви ги прости и вашите гревови вашиот Отец, кој е на небесата – рече Папата и додаде: Па и во тие повици ја препознаваме сличноста со ‘Оче наш’, но првиот протогонист на секоја христијанска молитва е Светиот Дух. Никогаш не би можеле да молиме без силата на Светиот Дух. Тој е оној кој во нас моли и нѐ поттикнува да молиме добро. Можеме да го молиме Светиот Дух да нѐ научи да молиме, затоа што Тој е протогонист, кој вистински моли во нас.
Светиот Дух дува во срцата на секој од нас, кој сме негови ученици – рече Светиот Отец и продолжи: Тој нѐ прави способни да молиме како деца Божји, што навистина и сме според крштението. Светиот Дух ни помага да молиме на патот кој ни го отвори Исус. Тоа е таинството на христијанската молитва. Преку милоста сме привлечени во тој дијалог на љубов на Пресветата Троица. Во други прилики Исус користи изрази многу подалечни од зборовите од ‘Оче наш’. На пример на крстот ги повторува почетните зборови од псалмот: „Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?“
Дали може небесниот Отец да го остави својот Син? Сигурно дека не може – рече Папата и напомена: Сепак, љубовта кон нас грешниците го доведува Исус до таа точка да ја искуси напуштеноста од Бог, оддалеченоста, затоа што врз себе ги зеде нашите гревови. Но и во тешкиот повик останува она „Боже мој, Боже мој“. Во тоа ‘мој’ е сржта на односот со Отецот, тука е сржта на верата и молитвата. Затоа поаѓајќи од таа срж, христијанинот може да моли во секоја ситуација. Може да ги преземе сите библиски молитви, посебно псалмите, но може да моли и на илјадници начини, кои се векови извирале од срцата на луѓето.
Никогаш да не престанеме да му зборуваме на Отецот за своите браќа и сестри, како никој од нив, посебно сиромашните, не би останале без утеха и љубов. Те славам Оче Господаре на небото и земјата, што го сокри ова од мудрите и умните, а го објави на малите – рече Папата, со што го заврши циклусот катехези за молитвата ‘Оче наш’.
Ватикан њуз/к.мк