Папата Фрањо упати видео порака по повод почетокот на индонезискиот Национален мисиски конгрес, кој се одржува од 1 до 4 август во Џакарта, на тема: „Крстен и пратен“. Го живееме крштението во приватниот простор, но и како квасец во општеството, како би ја шириле Исусовата порака – истакнува папата Фрањо во видео пораката.
Кога сме крстени го примаме Светиот Дух, кој е богатство; ја примаме Исусовата порака, го примаме Евангелието во себе. Кога некој има нешто убаво и е занесен од тоа, чувствува поттик да го пренесе тоа и да го даде на другите. Крстен и пратен се зборови кои треба да бидат зборови водилки на тој конгрес. Прашајте се: Како го живеам своето крштение? Во личниот живот, но и како квасец, општествен квасец, во општеството, како би ја носеле Исусовата порака – поттикна Светиот Отец.
Размислувајќи пак за зборот „пратен“, папата Фрањо истакна дека христијанинот секогаш оди напред и како што вели Библијата, не сме луѓе кои одат назад; луѓе сме кои секогаш одат напред. Кога некој оди назад, не е христијанин. Христијанинот оди напред – истакна Папата. Тоа значи да се биде пратен. Светиот Дух ме поттикнува да одам напред. Затоа напред, храбро, секогаш напред: крстени и пратени. Молете се за тоа, како Богородица би ве чувала и ви помогне да одите напред. И исто така молете за мене – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк