Папата до трапистите: Барајте ги „соништата на Исус“ за заедништво, учество, послание и формација
Папата Фрањо се сретна во Ватикан со околу 200 членови на редот Цистерцијанци, познат и како Траписти, собрани по повод нивното Генерално собрание.
Сонот на Исус за единство нè ослободува од едноличноста и поделеноста, им посочи папата Фрањо на трапистите кои се на Генерално собрание во Портиункула во Асизи. Папата ги поттикна монасите да си замислат како Исус сонувал за заедништво, учество, послание и формација
Сонувањето, предупреди тој, не треба да се сфаќа во утописка смисла, туку во проектна смисла. Генералното собрание овозможува споделување на соништа што извираат од дванаесетте региони во кои се наоѓаат цистерцијанските манастири со строг обред.
Значи, станува збор за толкување на сите тие „соништа“ преку Христос, поистоветувајќи се со него преку Евангелието и замисленоста – во објективна, контемплативна смисла – како Исус сонувал за овие реалности: заедништво, учество, послание и формација. Навистина, овие соништа нè градат како личности и како заедница до тој степен што не се наши, туку негови и ние ги асимилираме од Светиот Дух.
Хармонија на различноста
Да се сонува za заедништвото на Исус со неговите ученици значи, според зборовите на римскиот епископ, да ја живееме нашата заедница како „негова“:
Тоа заедништво – важно е да се нагласи – не се состои во нашата униформност, хомогеност, компатибилност, повеќе или помалку спонтана или принудна, не; тоа се состои во нашиот заеднички однос кон Христос и во Него кон Отецот во Духот. Исус не се плашеше од различностите што постоеја меѓу Дванаесетте, и затоа не треба да се плашиме ниту ние од различностите, бидејќи Светиот Дух сака да ги поттикнува различностите и да ги прави хармонични. Наместо тоа, од нашите партикуларизми, нашите ексклузивизми, од нив мора да се плашиме, бидејќи тие предизвикуваат поделба.
Братство и учество
Заедницата на посветен живот, истакна папата Фрањо, може да биде знак на Царството Божјо со тоа што ќе биде сведок на стилот на партиципативно братство меѓу конкретни луѓе кои, со своите ограничувања, верувајќи во Христовата благодат, избираат секој ден, да живеат заедно. Дури и денешните алатки за комуникација можат и мора да бидат во служба на реално – не само виртуелно – учество во конкретниот живот на заедницата, истакна Папата.
Посланието се однесува на сите
Сонот за посланието се однесува на сите во Црквата, нагласи Папата: сите харизми, до степен до кој и се дадени на Црквата, служат за евангелизација на светот.
Монахот кој се моли во својот манастир го прави својот дел во донесувањето на Евангелието во таа земја, во поучувањето на луѓето што живеат таму дека имаме Отец кој нè љуби и дека во овој свет сме на пат кон Небото. Значи, прашањето е: како може да се биде цистерцијанец со строг обред и да се биде дел од „Црква на излегување“? Како ја живеете „слатката и утешна радост на евангелизацијата“? Би било убаво да ја слушнеме од вас, контемплативците! Засега доволно е да се потсетиме дека „во секој облик на евангелизација приматот е секогаш Божји“.
Знак на светост
Довербата во силата на Светиот Дух, продолжи Светиот Отец, ни овозможува да не се предадеме на обесхрабрувањето на патот на формацијата, што е уште еден сон на Исус, кој секој ученик е повикан да го исполни во понизност и служба.
Може да има многу евангелски референци кои го потврдуваат сонот за формација во срцето на Господ. Сакам да ги сумирам како знак на светост, повторувајќи го овој повик: „Нека благодатта на твоето крштение вроди со плод на патот на светоста. Сè нека биде отворено за Бога и за таа цел изберете го Него, изберете го Бога секогаш одново.
Ватикан њуз /к.мк