Папата го прими претседателот на Европскиот парламент

Папата го прими претседателот на Европскиот парламент

На 26 јуни 2021 година во приватна аудиенција Светиот Отец го прими претседателот на Европскиот парламент Давид Марија Сасоли, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Во соопштението на Европскиот парламент пишува дека разговрот „бил насочен на заштита на најслабите и најранливите: човековите права се мерило за сите работи. Европското закрепнување ќе биде успешно само ако доведе до намалување на нееднаквоста.“

Сасоли исто така се сретна со државниот секретар на Светиот Престол кардиналот Пиетро Паролин и со секретарот за односи со државите при Државниот секретаријат надбискупот Пол Ричар Галагер.

Европскиот парламент извести дека разговрале за многу потешкотии на меѓународно и европско ниво, вклучувајќи ја ситуацијата на Средоземјето во Африка, на Западен Балкан и за пристапниот процес и за источните соседи. „Посебно внимание е дадено на европските напори вакцината да биде достапна во африканските земји со ниски приходи“, пренесе Catholic News Agency.

Средбата на претседателот Сасоли со папата Фрањо и кардиналот Паролин и надбискупот Галагер се случи на два дена откако Европскиот парламент ја усвои резолуцијата врз основа на т.н. „Извештај на Матиќ“ со која абортусот е дефиниран како „човеково право“ и „основна здравствена услуга“, а приговорот на совеста како „скратување на медицинска грижа“. Не е познато дали за тоа станало збор на саботната аудиенција и состанок.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот