Папата до сиромашните: Молете за сите кои немаат сочувство
Во салата Павле VI претпладне на 6 јули 2016 година Папата ги прими во аудиенција учесниците во ходочастието за сиромашни од бискупијата на Лионската покраина кое го предводеше надбискупот кардинал Филипе Барбарин. Ходочастието го организираше здружението „Пријатели на отец Јосиф Вресински“.
Во салата Павле VI претпладне на 6 јули 2016 година Папата ги прими во аудиенција учесниците во ходочастието за сиромашни од бискупијата на Лионската покраина кое го предводеше надбискупот кардинал Филипе Барбарин. Ходочастието го организираше здружението „Пријатели на отец Јосиф Вресински“ по повод 100 годишнината од раѓањето на свештеникот кој целиот живот го посветил на сиромашните.
Многу се радувам што сум со вас – рече Папата по поздравниот говор на кардинал Барбарин. Без оглед на вашата состојба, вашата историја, вашата важност, Исус е тој кој нè собира околу себе. Ако нешто има Исус тогаш тоа е токму таа способност за прифаќање. Тој секој човек го прифаќа онаков каков што е. Во него сме браќа, а јас би сакал да се чувствувате добродојдени; за мене е многу важно вашето присуство, а важно е овде да се чувствувате како дома – истакна папата Фрањо.
Зошто Исус сакаше да ја сподели вашата состојба, од љубов се направи еден од вас: презрен од луѓето, заборавен, безначаен. Кога ќе ви се случи сето тоа да го искусите не заборавајте дека Исус како вас тоа го искусил. Тоа е потврда дека во неговите очи вие сте скапоцени и дека Тој е со вас. Вие сте во срцето на црквата говореше отец Вресински затоа што Исус во текот на животот секогаш давал предност на луѓето како што сте вие, кои живееле во слични ситуации – истакна Папата, додавајќи:
А Црквата која љуби и го избира она што Исус го сака и посебно го љуби, нема мир сè додека не допре до сите оние кои искусуваат отфрлање, исклучување и кои не им се важни никому. Во срцето на Црквата вие ни овозможувате да го сретнеме Исус затоа што за Него ни зборувате целиот свој живот. Вие ја сведочите важноста на малите гестови кои се достапни на сите, кои придонесуваат за градење на мирот, нè потсетуваат дека сме браќа, дека Бог е наш Отец – рече папата Фрањо и продолжи да зборува спонтано:
Потикнат сум на размислување за тоа што мислел народот кога ги видел Марија, Јосиф и Исус како бегаат во Египет. Тие биле сиромашни, биле загрижени заради прогонот, но Бог бил со нив – нагласи Папата.
Драги пријатели сакам да ви се заблагодарам за сè што правите верни на харизмата на отец Јосиф Вресински кој сакал да тргне од споделување на животот, а не од апстрактни теории. Апстркатните теории водат до иделологија, а идеологијата до негирањето дека Бог се овоплотил, дека стана еден од нас. Зошто нè преобразува и преобраќа споделувањето на животот со сиромашните? Добро размислете за тоа – поттикна Папата додавајќи:
Не само што треба да одите во пресрет на сиромашните кои се срамат и се сокриваат, не само со нив да одите настојувајќи да го сфатите нивното страдање, да влезете во нивниот очај, туку трудете се да влезете во нивната безнадежност. Освен тоа околу нив подигнувате заедница која им го враќа животот, идентитетот и достоинството. Оваа Година на милосрдието е можност да се открие и живее димензијата на солидарност, братство, взаемна помош и поддршка – рече Папата.
Љубени браќа ве молам да ја сочувате храброста и во своите вознемирености да ја сочувате радоста на надежта. Да не згасне пламенот на надеж кој е во вас. Затоа што ние веруваме во Бог кои ги исправува сите неправди, ги ублажува сите страдања и ги наградува сите оние кои постојано веруваат во Него. Во чекањето на денот на мирот и светлината вашиот придонес е многу важен за Црквата и за светот: вие сте Христови сведоци, застапници кај Бог кој на посебен начин ги услишува вашите молитви – истакна Папата и продолжи спонтано да зборува:
Ме замоливте да потсетам на Црквата во Франција, како Исус трпи на вратата на нашите цркви, ако нема сиромашни. Ако нема сиромашни… Сиромашните се богатство на Црквата зборувал свети Лаврентиј. Би сакал на крајот да ве замолам за една услуга, повеќе од услуга, би сакал да ве обврзам. Единствено вие во своето сиромаштво ќе можете да ја извршите таа важна задача – рече Папата објаснувајќи:
Понекогаш Исус бил многу строг и остро ги укорувал луѓето кои не ја прифаќале Божјата порака. А како што го кажал оној прекрасен збор: блажени се сиромашните, гладните, оние кои плачат, оние кои мразат и прогонетите, кажа и многу застрашувачки збор: Тешко! Го упатил на богатите, мудрите, оние кои сега се радуваат, кои уживаат во ласкањето, лицемерите.
Затоа ве поттикнувам да се молите за нив, Бог да го промени нивното срце. Ве молам да молете и за оние кои се виновни за вашето сиромаштво, и тие да се преобратат. Молете се за богатите луѓе кои се облекуваат во пурпур и морска свила, се веселат на големи гозби не забележувајќи дека на нивните врати има многу Лазари кои сакаат да се наситат од остатоците на нивните гозби – рече Папата и ги потткна присутните да молат и за свештениците.
Молете се за свештениците, лаицитите кои одат понатаму не осврнувајќи се на ранетиот и полумртов човек, свртувајќи ја главата на другата страна затоа што немаат сочувство. Од срце сочувствувајте се со сите тие луѓе (…) им посакувам добро и молете го Исуса да ги преобрати. Ви гарантирам дека ќе биде голема радост во црквата, во вашето срце и во саканата Франција ако така правите. Сега вас сите заедно под погледот на нашиот небесен Отец ве доверувам на заштитата на Исусовата Мајка и свети Јосиф и од срце ви го поделувам апостолскиот благослов. Сите заедно да измолиме Оче наш – заврши Светиот Отец.
Пред самата аудиенција Светиот Отец во салата Павле VI се сретна со родителите и роднините на Боа Саломон момчето од Америка чие тело пред неколку дена беше пронајдено без знаци на живот во реката Тибар. Папата Фрањо заради немилиот настан на семејството и роднините им ја изрази својата близина и искрено сочувство и вети дека ќе го моли Господ за трагично настраданото момче.
РВ/к.мк