Папата до младите од Аргентина: Не ја разводнувајте својата вера

Рио де Жанеиро, 26.7.2013 /к.мк/ – Повеќе десетици илјади Аргентинци воодушевено го дочекаа папата Фрањо во четврток 26 јули во катедралата свети Себастијан во Рио де Жанеиро. Во самата кадетрала се собраа околу 6000 млади и уште околу 30 илјади млади, кои покрај силниот дожд се собраа пред катедралата. Светиот Отец ги повика своите млади сонародници да не ја кријат својата вера и да не ја разводнуваат.

Мислам дека во овој момент, рече Папата во своето спонтано обраќање, оваа светска цивилизација отиде предалеку, отиде предалеку, бидејќи создаде таков култ од богот на парите, што сме сведоци на една филозофија и пракса на исклучување на двата основни столба за иднината на општеството. Исклучување на старите лица, секако. Некој можеби би помислил дека се работи за прекриена евтаназија, односно не се води грижа за старите, но постои и културна евтаназија, бидејќи не им се дозволува да зборуваат, не им се дозволува да делуваат. И исклучувањето на младите. Процентот на млади без работа, без професија, е многу висок и имаме генерација која нема искуство за достоинство на стекната работа. Оваа генерација не доведе до исклучување на овие два пола, кои се наша иднина.

Младите мора да се борат за вредностите, а на старите мора да им се даде можност да говорат и да нѐ учат. Пренесувајте ни ја народната мудрост! Постарите мора да бидат дел од културното богатство на нашиот народ, богатство кое пренесува праведност, историја, вредности, сеќавање на народите, порача Папата. Младите и старите денес се осудени на иста судбина; исклученост. Не дозволувајте да ве исклучат! Тоа е потполно јасно! Затоа верувам дека мора да работите. Верата во Исус Христос не е некакава шега, тоа е нешто сериозно. Соблаза е што Бог стана еден од нас. Соблаза е бидејќи умре на крстот. Тоа е соблаза – соблаза на крстот. Крстот продолжува да соблазунва. Но тоа е единствениот сигурен пат; патот на крстот, Исусовиот пат, патот на овоплотувањето на Исус. Ве молам не правете „мешан пијалок“ од верата во Исус Христос. Постои мешан пијалок од портокал, јаболка, банана, но ве молам не пијте „мешан пијалок“ од верата. Верата е целосна и една, од неа не смее да се прави мешавина. Тоа е верата на Исус Христос. Тоа е верата во овоплотениот Син Божји, кој ме љуби и умре за мене, реча Папата на младите Аргентинци и порача да се грижат за старите и младите и уште еднаш и повтори: не дозвлоувајте да ве исклучат и не дозволувајте да се исклучуваат старите лица. (го*ко)

Категорија: Uncategorized

За авторот

Write a Comment

<