Папата до бискупите на Конго: Ангажирајте се за помирување на вашиот народ

На 4 мај 2015 година, Бискупите од Конго беа примени од папата Фрањо на aудиенција по повод нивната посета ‘Ад лимина’, и каде им порача пред сѐ да го помират својот народ со промена на срцата, со оформуање на добри свештеници и лаици, со помош на бегалците и со пастирска грижа на семејствата.
Доброто воспитување на свештениците и лаиците, помошта на бегалците, и пастирската грижа на семејствата – беа некои од темите за кои папата Фрањо им говореше на бискупите од Република Конго, кои беа примени на аудиенцијата по повод нивната посета ‘Ад лимина’. Меѓу другото Папата ја поттикна локалната Црква да се ангажира за промена на срцата на оние кои сеуште се поделени заради насилството кое ја зафати таа земја на крајот од деведесеттите години.
Тоа се длабоки рани – рече Светиот Отец за последиците кои сеуште се присутни во општеството на Конго. Токму во таа средина Црквата е повикана да се ангажира во задачата за промената на срцата, за зближување на поделените заедници и во изградбата на новото братство втемелено на простувањето и солидарноста – поттикна папата Фрањо и ги охрабри за сето тоа што локалната Црква го прави за оние кои имаат најголема потреба, а особено за бегалците од соседните земји. При тоа од присутните бискупи побара да го имитираат примерот на Добриот Самарјанин, развивајќи ја пастирската грижа на општеството и тоа во образованието, во здравството и во промовирањето на човекот, со цел да би бил разбран како дело на евангелизацијата, а не како делувуање на некоја невладина организација.
Потоа Папата истакна важна задача и за лаиците, која – како што рече – треба да се следи и да се усовршува за сведочењето на Евангелието на општествено-политичко поле и се осврна и на пасторалната грижа за семејствата. Воздржаноста на верниците пред христијанскиот брак покажува дека е потребна длабока евангелизација која, освен инкултурацијата, ја вклучива и евангелизавијата на традицијата и на локалната култура – рече Папата.
Што се однесува пак на воспитувањето на свештениците, Светиот Отец рече дека народот ги следи тогаш кога тие сопственото сведоштво во животот го градат на апостолската ревност, на целибатот и на евангелската сиромаштија во духот. При тоа ја изрази радоста заради многубројните свештенички повици кои се раѓаат во бискупиите во Конго.
Напомнувајќи како е свесен дека во некои бискупии пастирите се повикани да се соочуваат со големи потешкотии заради недостатокот на материјалните средства. Светиот Отец ги охрабри ‘партикуларните Цркви’ да ја зајакнат меѓусебната солидарност и црковното заедништво. Важно е да може да зборувате само со единствен глас надахнат од Евангелието, како би ги насочиле и просветлиле своите сограѓани од сите аспекти на заедничкиот живот и тоа особено во тешките моменти – рече папата Фрањо.
РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот