Во неделно обраќање, на 14 април 2024 година, папата Фрањо ги охрабри верниците да размислуваат за важноста својата вера да ја споделат со другите, но и за оние реалности кои го допираат човечкиот живот во добро или лошо и можат да бидат корисни.
Во неделното обраќање, папата Фрањо ги поттикна верниците да размислуваат за важноста од споделување на својата вера со другите, но и за оние реалности кои го допираат човечкиот живот во добро или во лошо, а можат да бидат од помош.
Осврнувајќи се на неделното Евангелие, кое нѐ враќа на воскресната вечер и на средбата на двајцата ученици со Исус на патот за Емаус, тој рече дека со изразување на радоста од нивното искуство, Исус се открива пред целата заедница на апостоли собрани во салата на Последната вечера. „Исус доаѓа токму во моментот кога едни со други го споделуваат искуството од средбата со него. Ова ме охрабрува да размислувам колку е убаво да се споделува верата. Овој однос нè наведува да размислуваме за: важноста да се сподели верата во воскреснатиот Исус“, рече Папата.
Забележувајќи дека секојдневно сме бомбардирани со безброј пораки, од оние кои се бескорисни или предизвикуваат болка, до позитивни и конструктивни вести кои прават да се чувствуваме подобро, тој нагласи дека е убаво да се сподели со другите реалностите кои, во добро или лошо, ги допираат нашите животи, така што им помагаат на другите. Во исто време, тој рече дека често е тешко да се зборува за најубавото нешто за кое може да се зборува, а тоа е средбата со Исус.
„Секој од нас може да каже многу за тоа, и да согледа како Господ нè допре и тоа да го споделиме, не за да им се одржи лекција на другите, туку да се споделат неповторливите моменти во кои го доживеавме Господ жив, близок, Господ кој ја запали радоста во срцето или ги избриша нашите солзи, Господ кој пренесе доверба и утеха, сила и ентузијазам, односно простување, нежност. Тие средби што секој од нас ги имал со Исус треба да се споделат со другите и да се пренесат. Важно е тоа да го правите во семејството, во заедницата, со пријателите. Исто како што е добро да зборуваме за добрите инспирации кои нè водат во животот, за добрите мисли и чувства кои многу ни помагаат да продолжиме напред, како и за напорот и трудот што го вложуваме за да разбереме и да напредуваме во животот на верата, и можеби и затоа за да се покаеме и да се вратиме на вистинскиот пат. Ако го направиме тоа, Исус, исто како што им се случи на учениците од Емаус на воскресната вечер, ќе не изненади и ќе ги разубави нашите средби и нашата средина“, рече Светиот Отец.
Светиот Отец ги охрабри верниците да се обидат да се потсетат на личната средба со Исус и да се запрашаат дали го споделиле тоа искуство со другите и дали се заинтересирани да слушнат нешто слично од другите. На крајот, Папата посака Богородица да ни помогне да ја споделиме нашата вера со другите, за нашите заедници да станат места за средба со Господ.
Ватикан њуз/к.мк