Папата се моли за жртвите од несреќата на туристичкиот автобус во Италија

Папата се моли за жртвите од несреќата на туристичкиот автобус во Италија

Папата Фрањо изрази сочувство за 21 жртва и нивните семејства, кои загинаа во близина на италијанскиот град Венеција кога нивниот автобус се урна низ заштитна ограда.

Папата Фрањо во четвртокот 5 октомври 2023 година испрати телеграма со сочувство до патријархот од Венеција Франческо Мораља, потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин.

Папата изрази жалење за автобуската несреќа во четвртокот во Местре, во близина на Венеција.во која загинаа 21 лице, од кои сите освен еден беа странски државјани,

Светиот Отец го замоли од патријархот да ја пренесе неговата „искрена близина со семејствата на оние кои загинаа толку трагично“, ветувајќи дека ќе се моли за нив во неговите „посебни молитви за настраданите“.

Папата Фрањо моли Бог да ги утеши семејствата на жртвите и за „брзо исцелување за повредените“.

Телеграмата ја заврши со апостолски благослов до сите погодени од трагедијата.

Трагична несреќа

Во вторник вечерта, 3 октомври 2023 година електричен шатл-автобус удри во заштитната ограда и оградата на надвозникот во Местре, при што загинаа 21 лице, меѓу кои 2 деца. Возачот – единствениот италијански државјанин – е меѓу загинатите.

Автобусот паднал на 10 метри од надвозникот и се превртел.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот