Папата: Да се преобразат неволјите во нови прилики за заедништво
На вториот ден од своето апостолско патување во Романија, папата Фрањо ги поттикна верниците да бараат помош од Блажена Дева Марија за да ја градат иднината, да одат заедно и да ризикуваат за Евангелието, да ја дарува радоста на спасението во единството и во братството и така никој да не заостанува.
На вториот ден ден од своето апостолко патување во Романија, папата Фрањо служеше света Литургија во богородичното светилиште во Шумлеу Чук, во Трансилванија, заедно со 100.000 верници. Светилиштето има свои корени уште во средниот век, а посебно е важно за католиците Унгарци кои се мнозинство на тоа подрачје. (…)
Марија посредува не само пред својот Син, туку и пред секој од нас за да не дозволиме братството да ни го украдат гласовите и раните кои поттикнуваат на поделби и разделување – рече Папата. Сложените и тажни историски настани не смеат да бидат заборавени и негирани, но исто така не можат да бидат пречка или предмет за спречување на братскиот соживот – додаде Папата.
Да одиш на поклоничко патување значи да бидеш повикан и поттикнат да одиш заедно, барајќи од Господ милост да ги преобрази старите и моменталните неволји и недоверба во нови прилики за заедништво – рече Светиот Отец и напомена, тоа значи да се ослободиш од своите сигурности и пријатности и да бараш нова земја која Господ сака да ни ја дарува. Затоа не смееме да се плашиме меѓусебно да се мешаме и да си помагаме.
Имено, да одиш на поклоничко патување значи да учествуваш по малку во хаотична плима која може да се преобрази во вистинско искуство на братството, во поворка која заедно гради историја, и да гледаш не толку на она што можело да биде, туку на она што нѐ чека и што не можеме повеќе да го одложуваме – рече папата Фрањо и нагласи, Господ поттикнува на солидарност, братство, желба за добро, вистина и правда.
Поклоничкото патување е обврска да се бориме за оние кои вчера заостанале да станат протагонисти на утрешнината и протаганостите на денешницата утре да не заостанат – рече Папата и продолжи: Toа бара напорна работа за заедничко ткаење на иднината. Овде сме за да кажеме заедно: Мајко научи нѐ да ја градиме иднината! Како Марија, девојка од мало место во Галилеја на периферијата на римското царство кое со своето ДА ја започнала револуцијата на нежноста и ние охрабрени да кажеме ДА за да одиме по патиштата на помирувањето.
Браќа и сестри да не заборавиме: оние кои ризикуваат Господ не ги разочарува – рече Светиот Отец и додаде: Да одиме заедно, да ризикуваме, дозволувајќи Евангелието да биде квасецот кој ќе исполни сѐ и ќе им ја даде на нашите народи радоста на спасението во единството и во братството.
Во проповедта Папата освен тоа ги опиша светилиштата како светотаинско место на Црквата како полска болница, како места каде се наоѓа надежта, места за славења и молитва. Кај Блажена Дева Марија доаѓаме како поклоници – истакна Папата. Таа света Литургија во Шумлеу Чук го одржа богатството на различноста во Романија. Првото читање беше на романски, евагелието на унгарски, а проповедта се преведуваше од италијански на романски и унгарски. Молитвата на верниците беше на унгарски, романски и германски јазик.
Не само на лицата на верницити, туку и по зборовите на надбискупот на Алба Јулија, монс. Ѓорги-Милкоса Јакубини се покажа радоста за посетата на Папата на тоа место кое светиот папа Иван Павле II не можеше во 1999 година да го посети кога ја посети Романија. Вети дека ќе дојде ако се врати во Романија. По дваесет години, Свети Оче Вие го исполнивте тоа ветување – рече надбискупот по што следуваше силен алауз.
Ватикан њуз/к.мк
Таг: Апостолска посета во Романија