Папата: Да го имитираме Исусовиот однос кон болните

Папата: Да го имитираме Исусовиот однос кон болните

Во пораката објавена на 31 јануари 2017 година на својот профил на твитер на девет јазика @Pontifex, папата Фрањо напиша: „Да го имитираме Исусовиот однос кон болните: Тој се грижи за секој, го споделува неговото страдање и го отвора срцето за надеж.“

Пораката на Папата за Светскиот ден на болните

На литургискиот спомен на Пресвета Богородица Лурдска, 11 февруари, во Црквата ќе се прослави 25. Светски ден на болните. Во пораката која ја напиша по тој повод и ја наслови „Воодушевувањето од Божјите дела: Големи дела ми направи Севишниот…“ (Лк 1, 49), Папата ја изрази својата близина на оние кои ги искушува страданието и на нивните семејства, како и благодарност до сите кои на различни должности, во сите здравствени установи во светот, стручно, одговорно и посветено работат на секојдневно олеснување на страдањето, грижата и потребите на болните.

Папата Фрањо ги охрабрува сите – болните, сите кои на било кој начин трпат, лекарите, болничарите, роднините и волонтерите – да размислуваат за Марија, „Здравје на болните“, која ја гарантира Божјата нежност кон секое човечко битие и која е пример за препуштање на Неговата волја. Освен тоа, ги охрабри исто така сите луѓе во верата зацврстена со Словото и светите Тајни секогаш да пронаоѓаат сила за љубовта кон Бог и кон браќата, исто така и во искуството на болеста.

Да се шири културата на животот

Пред актуелните предизвици во областа на здравството и технологијата, Папата пак го истакна неотуѓивото достоинство на секој болен, кој во животот секогаш има свое послание и никогаш не станува обична работа, па и ако станува збор за човек со тежок инвалидитет. Освен тоа, поттикна на пронаоѓање на нов ентузијазам за да се придонесе за ширење на културата која го почитува животот, здравјето и животната средина; како и нов поттик во борбата за почитување на интегритетот и достоинството на човекот и тоа преку исправен пристап на биоетичките прашања, заштитата на најслабите и грижата за животната средина.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот