Папата го прими претседателот на Уругвај

Ватикан, 1.6.2013 /к.мк/ – Човековите права, правдата и социјалниот мир беа главните теми на разговорот помеѓу папата Фрањо и претседателот на Уругвај, Хозе Алберто Кордано, кој во сабота 1 јуни беше примен на аудиенција од Светиот Отец. Покрај средбата со Папата, уругвајскиот претседател оствари средба и со Државниот секретар на Ватикан, кардинал Тарчизио Бертоне и секретарот за односи со државите, монсињор Доминик Мамберти. „На срдечните разговори се разменија информации и мислења за општествено-политичката ситуација во земјата и нејзината улога во регионот – се вели во соопштението од Ватикан по завршуањето на средбата. Исто така беше разговарано и на теми од взаемен интерес, почитувањето на човековите права, правдата и социјалниот мир. На средбата беше истакнат и придонесот на Католичката црква во јавната дебата по овие прашања, посебно за мирот во светот, придонес на Црквата во општеството, пред сè во областа на здравството и образованието”. По средбата директорот на Ватиканскиот прес центар отец Федерико Ломбарди, изјави дека Папата изрази „задоволство од средбата со еден мудар човек”. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<