Папата го прими претседателот на Екваторијална Гвинеја
На 25 октомври папата Фрањо го прими на аудиенција претседателот на Екваторијална Гвинеја, Теодор Обианга Нгуема Мбасог,кој потоа се сретна со архиепископот Доминик Мамберти, секретар за односи со државите – стои во соопштението од Канцеларијата за печат при Светата Столица.
За време на срдечниот разговор истакнат е позитивниот допринос на Католичката Црква во хуманиот, општествениот и културниот развој на земјата, посебно на образовно и хуманитарно поле, како и соработка со државата за унапредување на животниот стандард на населението.
На крајот од средбата претседателот на Екваторијална Гвинеја и секератарот за односи со државите при Светата Столица разменија ратификациски инструмент од договорот помеѓу Светата Столица и Екваторијална Гвинеја кој ги регулира односите помеѓу Католичката Црква и државата, потпишан на 13 октомври 2012 година.
Во договорот Црквата и нејзините установи се признаваат за правни лица и се потврдуваат добрите билатерални односи. Договорот се однесува и на црковниот брак, храмови, воспитни установи, како и на духовната грижа за верниците католици во болниците и затворите – стои во соопштението од Канцеларијата за печат при Светата Столица.
го*ко