Папата Фрањо го прими италијанскиот претседател Матарела

Папата Фрањо го прими италијанскиот претседател Матарела

По разговорите со Светиот Отец, италијанскиот претседател се сретна со државниот секретар кардинал Пјетро Паролин и надбискупот Пол Ричард Галагер, државен секретар за односи со државите

Папата Фрањо на 16 декември 2201 година во Апостолската палата во Ватикан го прими во прошталната посета италијанскиот претседател Серџо Матарела, кој во февруари го завршува седумгодишното претседавање. По разговорите со Светиот Отец, претседателот Матарела се сретна со државниот секретар кардинал Пјетро Паролин и надбискупот Пол Ричард Галагер, државен секретар за односи.

Како што соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол, срдечните разговори во Државниот секретаријат биле фокусирани на пандемијата и вакцинацијата, семејството, воспитувањето на младите, но и миграцијата и вредностите на демократијата во Европа. Беше изразено задоволство од постоечките добри односи меѓу Светиот Престол и Италија, а се разговараше и за некои прашања поврзани со социјалната состојба во Италија, со посебен осврт на проблемите од пандемијата и тековната кампања за вакцинација, семејството, демографскиот феномен и образованието на младите. Се разговарало и за меѓународни теми, со посебно внимание на африканскиот континент, миграцијата и иднината и вредностите на демократијата во Европа.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот