Папата го прими премиерот на Бахами
Во понеделник 18 ноември папата Фрањо во Апостолската палата го прими во аудиенција Пери Гладстон Христи, премиер на Бахами. Потоа премиерот на Бахамите беше примен од архиепископот Пиетро Паролин, кој денес ја започна својата нова служба, Државен секретар на Ватикан.
За време на разговорите станало збор за миграцијата, како и за доприносот кој го дава Црквата на населението, посебно на полето на јавното здравје и воспитание. При тоа е изразена надеж за уште поголема соработка на тоа поле – се истакнува во соопштението од Канцеларијата за печат при Светат Столица.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан