Папата го прими митрополитот Иларион Алфеев

Папата Фрањо во вторник 12 ноември го прими на аудиенција митрополитот Иларион Алфеев одговорен за надворешни црковни односи на Московската Патријаршија, соопштено е од Ватиканскиот прес центар. Аудиенцијата од приватен карактер, се одржа во домот Света Марта, каде што продолжува да живее папата Фрањо. Високиот претставник на Руската православна црква се наоѓа во Рим по повод неговото учество на конференцијата на тема: „Православните и католиците заедно за семејството“, која ќе се одржи на 12 ноември. Средбата се одржува во Папскиот Совет за семејството и е организирана заедно со Папскиот Совет за единството на христијаните. Меѓу учесниците се монс. Винченцо Паглија, претседател на Папскиот совет за семејството, како и експерти од богословскиот факултет во Москва, Папскиот Латерански универзитет и директорот на Рускиот православен центар во Рим.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот