Папата ги посети пациентите на детското онколошко одделение во клиниката „Гемели“

Папата ги посети пациентите на детското онколошко одделение во клиниката „Гемели“

Папата Фрањо по трет пат ги посети малите пациенти, чие одделение се наоѓа на десеттиот кат на Поликлиниката спроти апартманот на Папата. Утрово Папата го поздрави и раководството на болницата

И овој пат папата Фрањо не пропушти да ги прегрне децата хоспитализирани на одделот за детска онкологија и детска неврохирургија на поликлиниката Гемели. Една недела по операцијата, додека – како што информираат од Канцеларијата за печат на Светиот Престол – се планира отпуштање од болница, Папата утринава, во четврток 15 јуни 2023 година, излезе од својот болнички апартман на десетиот кат за да ги поздрави соседите, малите пациенти на оваа поликлиника, простор кој е исполнет со насликани ѕидови и со играчки. Папата Фрањо и утринава упати честитки до раководството на Поликлиниката, каде што Папата е хоспитализиран по трет пат по операцијата во 2021 година поради дивертикуларна стеноза и хоспитализацијата лани во март поради инфективен бронхитис.

Благодарност за писмата и цртежите

На децата кои со аплауз го пречекаа во ходникот, Папата ја покажа својата близина, наклонетост, возбуда. Посетата беше повод Светиот Отец да им се заблагодари на децата за грижата, кои му испратија писмо на 9 јуни во кое му посакуваат брзо закрепнување, придружено со цртежи и скулптура на која пишува: „Секогаш со тебе“. Папата потоа застана на краток разговор со една повозрасна двојка.

Трета посета

Ова е трета посета на папата Фрањо на одделот за детска онкологија. Првата беше во јули 2021 година втората на 31 март, кога откако подари Бројаници и чоколадни јајца за Воскресението Христово, крсти и бебе старо неколку дена, хоспитализирано во болницата. Пред неколку дена, мајката на детето, Марсела, дојде во Гемели да му оддаде почит на Папата, давајќи му постер со слики од нејзиното семејство и порака со добри желби, а како благодарност за гестот, папата Фрањо се јави телефонски  лично на неа.

Ватикан њуз/го*ко

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот