На 7 април Светиот Отец, папата Фрањо го именува отец Милан Зграблиќ, свештеник на Поречко-пулската бискупија за надбискуп коадјутор на Задарската надбискупија.
Отец Милан Зграблиќ е моментален катедрален парох на катедралата „Возенесение на Пресвета Богородица“ во Пореч и директор на бискупската установа за издржување на клерот и другите црковни службеници.
Биографија на новоименуваниот надбискуп коадјутор
Отец Зграблиќ е роден во Пазин на 29 август 1960 година. Од 1980 до 1986 година студирал теологија на Вишата богословска школа во Риека.
За свештеник е ракоположен на 8 јуни 1986 година, а неговата прва служба во Ровињ била како парохиски викар. Во 1987 година бил именуван за префект на надбискупската семинарија „Змајевиќ“ во Задар, каде што останал три години.
По враќањето во својата Поречко-пулска бискупија, две години бил бискупски референт за духовни звања, а потоа продолжил на постдипломски студии по духовност на Универзитетот Грегоријана во Рим (1992-1994). По завршувањето на студиите во Рим, тој е именуван за водител на колегиумот во Пазин со класичната гимназија (1994-1997), кога ја презема и функцијата директор на бискупскиот Каритас до 2007 година.
Осум години (1997-2015) бил свештеник во Ровињ. Од 2008 година ја води и бискупската установа за издржување на клерот и другите црковни службеници. Во септември 2015 година е именуван за катедрален парох во Пореч, служба што ја извршува во моментот на неговото именување за задарски надбискуп коадјутор. Од 2019 година е каноник на катедралниот капитул Свети Мавро во Пореч.
За време на неговата 36. годишна свештеничка служба бил член на Свештеничкиот совет, консултор, член на пасторалниот и економскиот совет, член на Советот за уметност, изградба и обнова на сакрални објекти и водител на Советот за литургија и црковна музика, како и водител на Советот за млади, духовни звања и мининстранти.
Ватикан њуз/к.мк