Папата го довери својот понтификат на Пресвета Богоридца од Фатима

Лисабон, 15.5.2013 /к.мк/ – По желба на Светиот Отец, кардинал Хозе Поликарпо, патријарх на Лисабон, во понеделник 13 мај, понтификатот на папата Фрањо го довери под заштита на Пресвета Богородица. На церемонијата која се одржа во контекст на 96 години од објавувањето на Пресвета Богородица на трите деца во Фатима, учество зедоа околу 300 илјади верници. Во пораката прочитана од епископ на Лејрија – Фатима, монс. Антонио Марто, Папата изразува „благодарност за исполнувањето на неговата желба.“

Папата Фрањо духовно се присоедини со поклониците во Фатима и од се срце им го упати својот апостолски благослов. (го*ко)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<