Папата ги прими учесниците на пленарното заседание на Конгрегацијата за наука на верата
Науката на Црквата не треба да се сведува на идеологија и апстрактна теoрија – рече Светиот Отец говорејќи пред учесниците на пленеарното собрание на Конгрегацијата за наука на верата, кои претпладне на 31 јануари ги прими во аудиенција. Папата ја наведе можноста за спојување на Конгрегацијата со новата Комисија за заштита на малолетници.
Мерилата за верата треба да преовладуваат во зборовите и праксата на Црквата. Кога верата блеска во својата едноставност тогаш и Божјиот живот и црковниот живот се манифестира во целата својата привлечност. Затоа треба да се спротиставиме на искушенијата за да се сфаќа науката во идеолошка смисла или да се сведе на збир на апстрактни кристализирани теории.
Навистина, науката има една цел да служи во животот на Божјот народ и има намера да обезбеди цврст темел на нашата вера. Големо е искушението да ги присвоиме даровите кои доаѓаат од Бог, да си усогласиме – можено и во добра накана – со световниот дух и световните хоризонти. Тоа искушение непрестано се наметнува – рече папата Фрањо.
Заблагодарувајќи на Конгрегацијата за решавањето на „тешките злодела“, посебно случаите на сексуална злоупотреба на малолетници, Папата ги потикна вработените: „Мислете на доброто на децата и младите, кои во христијанската заедница секогаш треба да се штитат и да се подржи нивниот човечки и духовен раст. Во таа смисла се проучува можноста Конгрегацијата да се поврзе со Комисијата за заштита на деца, која ја формирав, а сакам да биде пример за сите оние кои имаат намера да го промовираат доброто на децата – рече Светиот Отец.
Говорејќи за темите на пленеарното собрание, за односот на вера и светата Тајна Брак, истакна: „Станува збор за размислување од многу голема важност, а на тоа повикуваше и Бенедикт XVI, длабоко да се проучи односот помеѓу личната вера и славењето на светата Тајна брак, посебно во изменетиот културен контекст – рече Папата.
Говорејќи пак за одговорните задачи на Конгрегацијата за чување на целосноста на верата, Папата рече дека треба да ја извршува во соработка со локалните пастири и со доктринарните Комисии на епископските конференции, чувајќи го правото на целиот Божји народ да прими целосен и чисто наследство на верата. Вашата работа води сметка за одговорниот поттик, концентриран и трпелив дијалог со авторите. Ако вистината подразбира верност, тогаш верноста секогаш расте во љубовта и братската помош за оној кој е повикан да ги созрее и разјасни сопствените убедувања.
Говорејќи пак за работниот метод на Конгрегацијата, Папата рече дека се одликува со заедништво и дијалог. Црквата е место на заедништво; сите сме повикани да негуваме и промовираме заедништво, секој во одговорностите кои Господ му ги наменил. Папата на крајот на вработените во Конгрегацијата посака секогаш да можат да го чуваат длабокото чувство на радост; радоста на верата, која во Господ Исус има свој неисцрпен извор – заврши папата Фрањо.
РВ/Д.И.