Папата до бискупите од Латинска Америка: Материјалните структури имаат смисла ако се во служба на другите

Папата до бискупите од Латинска Америка: Материјалните структури имаат смисла ако се во служба на другите

Папата Фрањо испрати порака до Советот на бискупски конференции на земјите од Латинска Америка (CELAM), кој го благослови новото седиште во Колумбија и ги охрабри да го користат за општо добро.

По повод благословот и отворањето на новото седиште на CELAM на 12 јули, во Богота, Колумбија, папата Фрањо им испрати порака на членовите на Советот и им се заблагодари за писмото што му го испратија, поради што се чувствува вклучен во настанот.

Проекти за евангелизација и пасторална формација

Иако ве повикувам да му заблагодарите на Бога за успешното завршување на оваа материјална работа, која може да биде од помош во спроведувањето на проекти за евангелизација и пасторална формација како поддршка на епископските конференции, прикладно е да запомниме дека ако Господ „не изгради куќа, градителите залудно се трудат“, истакна Папата во пораката.

Имајќи го ова на ум, Папата истакна дека „како заедница на ученици изградени врз темелите на апостолите и пророците, и имајќи го самиот Христос Исус како камен-темелник, чувствуваме постојана потреба да го молиме Воскреснатиот Господ да даде поттик и да ја зајакне црковната мисија со силата на неговиот Свети Дух, за да можеме да бидеме подготвени да ги согледаме знаците на времето и да одговориме на потребите на Божјиот верен народ од перспектива на верата, надежта и љубовта“.

Материјални структури се наменети за добробит на другите

Не смееме да заборавиме дека материјалните структури имаат смисла само кога се наменети да им служат на оние кои „населуваат на најекстремните периферии на животот“, додаде Папата.

Исто така, Светиот Отец ги предупреди да внимаваат на три „идолопоклоници“ кои секогаш го загрозуваат патот на Божјиот верен народ. Тоа се, како што истакна: духовна просечност, прагматизам на бројки и функционалност – кои нè наведуваат да бидеме повеќе ентузијасти за „патната карта“ отколку за самиот пат. „Тоа се искушенија кои не трпат таинственост и имаат за цел ефикасност“, додаде тој.

На крајот Светиот Отец ги замоли членовите во негово име да изразат благодарност до сите кои соработувале во реализацијата на тој проект и ги довери под заштитата на Пресвета Богородица.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот