Папата: Војната е лудост и пораз

Папата: Војната е лудост и пораз

На крајот од Генералната аудиенција Папата повторно повика на молитва за оние кои страдаат од „страшните последици“ на различните конфликти низ светот и рече дека денеска добил Бројаница и Евангелие од војник кој загинал на фронтот

„Да се победи лудоста на војната, која секогаш е пораз. Ова е желбата што Папата ја изрази на крајот од Генералната аудиенција во среда 13 март 2024 година, на 11- годишнина од неговиот понтификат. Во своите поздрави до италијанските ходочесници папата Фрањо го повтори повикот да молиме за луѓето погодено од конфликти.

Ве повикувам сите да продолжите со посветеност по патот на Великиот пост, подготвени да правите дела на христијанска солидарност секаде каде што Промислата ве повика да дејствувате. И ве молам, да истраеме во горлива молитва за оние кои ги трпат страшните последици од војната.

Многу млади умираат

Папата им пренесе на верниците кои присуствуваа на аудиенцијата на плоштадот Свети Петар дека добил „Бројаница и Евангелие на еден млад војник кој загинал на фронтот“: „Тој се молеше со неа. Многу млади луѓе, многу млади луѓе умираат!“. Оттука и апелот на папата: Да се молиме на Господа да ни даде благодат да ја надминеме оваа лудост на војната, која секогаш е пораз.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот