Ватиканската парохија Света Ана прими бегалско семејство

Пред неколку дена парохијата Свети Ана во Ватикан прими едно бегалско семејство: татко, мајка и две деца. Сиријското католичко семејство, од мелкитски обред, живеело во Дамaск, од каде побегнало поради војната, а во Италија доаѓа истиот ден кога Светиот Отец, после попладневниот говор ги повика парохиите, монашките заедници и светилиштата да прифатат по едно бегалско семејство.

Членовите на семејството се примени во еден стан во Ватикан, во близина на плоштадот Свети Петар и веднаш е започнат процес за меѓународна заштита. Според законот, првите шест месеци од поднесувањето на барањето, барателите на азил не можат да работат. Во тој период за нив ќе се грижи парохиската заедница од Света Ана.

Како што стои во соопштението од Ватикан, сѐ додека Италија не донесе одлука за нивниот статус како бегалци, не е можно да се даваат понатамошни информации за семејството, кое е прифатено во парохијата Света Ана. Поради тоа, за да помине процесот без проблеми, се молат масовните медиуми да ја почитуваат волјата на членовите на семејството и од нив да не бараат интервју.

Во контекст на христијанската љубов кон лицата кои бегаат од војни и глад, треба да се истакне дека папите, преку Милосрдницата, одамна допринесува за плаќање на трошоци за дозволи за престој на бегалците и тоа преку Исусовскиот центар за бегалци Центро Астали. Освен тоа Милсрдницата во име на Папата секојдневно помага на бројни лица и бегалцски семејства, давајќи им ги најпотребните намирници во римските прифатилишта.

Покрај тоа и Папската мобилна амбуланта е ставена на располагање во прифатните центри за бегалци, кои се наоѓаат на римските периферии. Доброволци се ватиканските здравствени работници, швајцарските гардисти, ватиканските службеници, како и вработени од римскиот универзитет Тор Вергата, како и челнови на непрофитни здруженија и установи за солидарна медицина – стои во соопштението од Ватиканската Милосрдницата

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот