Сведочењето на Евангелието надеж за сопствениот живот.
Во пресрет на епископската синода која ќе се одржи во октомври и која е посветена на младите, верата и размислувањето за звањата, се присетуваме на двете главни средби на папата Фрањо со младите во Јужна Кореја, пред четири години. Папата на 13 август 2014 година пристигна во таа земја на шестиот Азиски ден на млади кој се одржа на тема „Славата на мачениците блеска над вас.“
Два дена подоцна на 15 август опкружен од млади во светилиштето во Солма, во Дежон Светиот Отец одржа долг говор на англиски јазик во кој повика на сведочење на евангелието надежта за сопствениот живот, ослободувајќи го срцето од себичноста, непријателствата и неправдата. Потоа одговараше на прашања од некои млади, поттикнувајќи ги да се молат за повторно обединување на Кореја. Господи – рече папата Фрањо – ние сме семејство помогни ни да се оствари единството за да нема победник или губитник, туку само едно семејство.
Завршувајќи го Денот на азиските млади на 17 август во проповедта во текот на светата Литургија, Папата ги поттикна младите да се вклучат во животот на општеството. Дозволете Христос да го преобрази вашиот природен оптимизам во христијанска надеж, вашата сила во морална крепост, вашата добра волја во вистинска љубов која знае да се жртвува. Така вашата младост ќе биде дар за Исус и за светот. На крајот повика на градење на Црквата, посвета, уште повеќе мисионерска и понизна, Црква која љуби и се поклонува на Бог, настојувајќи да им служи на сиромашните, осамените, болните и отфрлените на маргините на општеството.
Ватикан њуз/к.мк