Папата ги охрабри младите Литванци

Ватикан, 1.7.2013 /к.мк/ – Не плашете се да живееете по верата, чувствувајте се живи делови на Црквата – ги поттикна папата Фрањо учесниците за денот на млади во Каунас во Литванија, на тема: „Ве нареков пријатели“. Во пригодната порака Папата исто така истакна дека Христовата љубов и неговото пријателство не се невистински, и ги повика младите да бидат Христови сведоци на своите врсници.

Во пораката Папата понатаму пишува: „Исус ве љуби и во вашата кревкост и слабост за да можете постојано да се обновувате кога ќе бидете допрени од неговата љубов. Христовата љубов е вистинска и се однесува на сите нас, а Исус на крстот покажува колку е конкретна таа љубов. За да живеете во таа љубов, и таа љубов да донесува плодови на живот и убавина, треба искрено да се трудите за искреност на срцето и настојување за продлабочување на духовниот живот, истакна Светиот Отец, а посебно ги спомна светите Тајни Евхарситија и Исповед, слушањето на Словото Божјо и размислување за животот на Исус со Марија преку молитвата света Бројаница. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<