Примајќи ги во аудиенција членовите на научната институција Studium Biblicum Franciscanum, основана во Ерусалим пред 100 години, папата Фрањо упати уште еден апел за мир во светите места и поттикна на континуирана молитва. Тој ги замоли Фрањевците кои раководат со таа академска институција да продолжат да сведочат од местото од каде што потекнува христијанството.
На 15 јануари, за време на аудиенција на која ги прими членовите на научната академска институција Studium Biblicum Franciscanum, основана во Ерусалим пред сто години папата Фрањо испрати уште еден потттик на молитва, и тоа континуирана, за крај на конфликтот меѓу Израелците и Палестинците.
Состојбата во Светата Земја и народите кои ја населуваат нè вознемирува и не натажува. Ситуацијата во секој поглед е многу сериозна.
Светиот Отец го истакна тоа и додаде дека го слушнал отец Ибрахим Фалтас, викар на Кустодијата на Светата Земја и дека секојдневно комуницира со парохијата во Газа, каде што многу страдаат поради ситуацијата. Мораме неуморно да молиме и да дејствуваме за се стави крај на оваа трагедија – рече Папата.
Сведоштвото на Фрањевците во Светата
Фрањевците кои ја водат таа академска институција да продолжат да го даваат своето сведоштво од местото од каде што потекнува христијанството.
Нека ви биде уште поголем поттик да навлезете подлабоко во причините и квалитетот на вашето присуство на тие напатени места, во мачеништвото на тој народ, во кои се корените на нашата вера.
Studium Biblicum Franciscanum
Studium Biblicum Franciscanum денес е Факултет за библиски науки и археологија на Папскиот универзитет Антонијанум во Рим. Зборувајќи за Фрањевскиот универзитет, Папата истакна дека оваа институција со својата библиотека и музеј дала, и дава поттик за важни археолошки ископувања, кои резултирале со скапоцени наоди.
Проучувањето на Светото Писмо да се фокусира на пасторалната служба
Освен тоа, Папата потсети дека љубовта на Фрањевците кон библиските текстови е љубов заснована на истата волја на свети Фрањо, кој не сметал дека познавањето на Божјото Слово, како и неговото проучување е прашање на едноставно образование, туку искуство со мудросна природа, чија цел, со вера, да им помогне на луѓето подобро да го живеат Евангелието и да ги направат добри.
По повод вашата стогодишнина, ве повикувам да не го губите од вид таквиот пристап кон Светото Писмо. Строгото и научно проучување на библиските извори, збогатено со најсовремени методи и сродни дисциплини, нека биде секогаш поврзано со контактите со светиот народ Божји и насочено кон пасторално служење, во согласност со и во корист на вашата специфична харизма во Црквата.
Истовремено, Папата истакна дека проучувањето, размислувањето и медитирањето за Библијата и библиските текстови се важни доколку тие се вклопат во срцето на Црквата, која е светиот и верен Божји народ во движење, и дека надвор од Телото на Црквата овие студии немаат никаква корист, бидејќи она што е вредно е срце на Црквата.
Да се направи попознато Божјото Слово
На крајот, папата Фрањо ја истакна важноста на работата на таа институција, во време – како што рече – во кое Бог бара подобро да го слушаме и да го познаваме неговото Слово, за да одекнува во светот на сè поразбирлив начин и ги охрабри Фрањевците и научниците да сфатат и да ја ценат истражувачката, наставната и археолошката активност.
Ватикан њуз/к.мк