Папата: Во дијалогот сите победуваат

Папата Фрањо во неделата на 29 мај 2016 година попладне во синодската сала во Ватикан ги прими претставниците на повеќе од 40 универзитети од целиот свет кои се дел од папската фондација Scholas Occurrentes. Најавена е нова книга на Папата со одговори на прашања од младите.

Папата Фрањо во неделата на 29 мај 2016 година попладне во синодската сала во Ватикан ги прими претставниците на повеќе од 40 универзитети од целиот свет кои се дел од папската фондација Scholas Occurrentes. Од петокот до неделата беа собрани на Светскиот конгрес во Рим. Темата на собирот беше: „Помеѓу универзитетот и училиштетото: ѕид или мост“, а по тој повод е најавена и формирана катедра Scholas како академско подрачје за продолабочување на педагогијата на папата Фрањо која што ја промовирал уште како надбискуп на Буенос Аирес.

„Не ми паднало на памет да се повлечам заради одговорност“

Во текот на средбата Папата спонтано одговораше на прашањата на младите, напоменувајќи пред сè дека ја цени атмосферата на комуникација која сè уште е предизвик за денешниот свет. „Во разделеноста се наоѓа само непријателството, вклучувајќи ја и омразата; напротив кога се обединува се создава „општествено пријателство“, братско пријателство; се создава култура на средба која нè заштитува од секој вид на култура на отфрлање. Ви благодарам за тоа и на сѐ што правите“ – рече Светиот Отец.

Беше запрашан дали размислува за повлекување од папството затоа што обврските премногу бараат, одговори: „Никогаш не ми паднало на памет да престанам да бидам Папа заради одговорност.“ Дозволете ми да ви се доверам. Никогаш не ми паднало на памет дека ќе бидам избран за Папа. Тоа беше изненадување, но во тој момент Бог ми даде мир кој трае сѐ до денес. Тоа ме поддржува. Тоа е милост која ја примив“ – рече додавајќи во шега: „Од друга страна по природа сум несвесен и затоа продолжувам да одам напред.“

Доделени награди на Ричард Гир, Селма Хаек и Џорџ Клуни

Во текот на средбата се споделени и неколку сведоштва и доделени награди на познатите актери Ричард Гир, Селма Хаек и Џорџ Клуни за нивното залагање за мирот, екологијата и младите на перифериите. Папата Фрањо ја истакна важноста за вклучување на луѓето, да им се даде припадност што воедно значи „давање идентитет“. Итно е потребно да се даде припадност без разлика каква е таа, за да почувствуваме дека припаѓаме на групи, семејства, организации: тоа дава одреден идентитет.

Bullying и војни – голема суровост

Покрај тоа побара конкретни гестови за мир и запирање на агресијата. Како пример го наведе Bullying, малолетничкото насилство кое го нарече агресивност која сокрива голема суровост. А војните се – рече „споменици“ на таа суровост. Со тоа покажа неколку фотографии кои ги примил од чесни сестри од една Африканска земја која е погодена од војна. „На ова дете му е отсечена главата. На дете!“ – коментираше велејќи дека за градење на нов свет потребно е да се елиминираат сите облици на суровост.“

„Во дијалогот сите победуваат“

„Во дијалогот сите победуваат, никој не губи. Во расправата има победник и губитник: но всушност двете страни се губитници. Дијалогот е способност за слушање, значи да се ставиш на местото на другиот, да градиш мостови.“ Според Папата во светот е потребно да се снижиш до ниво на агресивност и наместо тоа да негуваш благост, слушање и заедничко одење.

Новата книга одговара на прашањата на младите

Во текот на средбата е претставена и дигитална платформа на која младите на Светиот Отец можат да му поставуваат прашања. Неговите одговори ќе бидат собрани во облик на книга која ќе биде објавена во октомври или ноември.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот