Во знак на солидарност знамињата во Ватикан на пола копје

Во знак на солидарност знамињата во Ватикан на пола копје

Во знак на солидарност со Италија и другите делови од светот кој се силно погодени од кризата предизвикана од пандемијата на болеста Ковид – 19 во Ватикан на 31 март 2020 година беа спуштени знамињата на пола копје.

Во знак на солидарност со Италија во Ватикан денес знамињата се спуштени на пола копје како знак на солидарност. Светиот Престол со тоа искажува блзиина со жртвите од пандемијата во Италија и светот, нивните семејства и оние кои великодушно се борат за да ја сузбијат – стои во соопштението на директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Матео Бруни.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот