Бискупот Стојанов го прими амбасадорот на Унгарија во Македонија

Бискупот Стојанов го прими амбасадорот на Унгарија во Македонија

Скопскиот бискуп и Стримичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов на 25 септември 2023 година во бискупската резиденција на Водно во протоколарна посета го прими амбасадорот на Република Унгарија Н.Е. Андраш Клеин, придружуван од вториот секретар на Амбасадата господин Габор Редечи.

Во пријатна и срдечна атмосфера бискупот Стојанов го запозна унгарскиот амбасадор за животот и активностите на Католичката црква во Македонија. Соговорниците зборуваа и за теми од заеднички интерес и можностите за унапредување на соработката.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот